• Latest
ОЈО/ Фото Б. Ј., ЦИВИЛ

Поднесен обвинителен акт против три лица во предметот „Империја“

December 21, 2022
Фото: Твитер

Започнува масовното производство на украинските беспилотни летала-пресретнувачи „Октопус“

November 15, 2025
Фотоколаж: Скриншот од time.mk и видео на baku.tv

Репетитивното објавување на изјавите на Песков – императив на некои македонски медиуми

November 15, 2025
Last Crude Oil Tanker at Shell Haven - geograph.org.uk - 605835.jpg Фото: wikimеdia commons

Ројтерс: Иран потврди дека е запленет танкер со петрохемиски товар

November 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американската војска планира поделена Газа со „зелена зона“ обезбедена од меѓународни и израелски трупи

November 15, 2025

Град Скопје воведува нов режим за изнесување отпад: ноќна забрана и казни до 50 евра

November 15, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски. Фронтлајн

„Марш за ангелите“ денеска во 12:05 во Скопје

November 15, 2025
Креирано со помош на ВИ

Судството под меѓународна лупа – меѓу критики и политичка одбрана

November 15, 2025

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
Foto: Wikimedia Commons

ОН: Само во октомври повеќе од 260 напади врз Палестинци во Западен Брег

November 14, 2025
Американските воздушни сили, USAF (Photo by Hans Dorries on Unsplash)

САД одобрија продажба на воени авиони и делови на Тајван во вредност од 330 милиони долари

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Поднесен обвинителен акт против три лица во предметот „Империја“

December 21, 2022 18:27
in ВЕСТИ, ПРАВДА
ОЈО/ Фото Б. Ј., ЦИВИЛ

ОЈО/ Фото Б. Ј., ЦИВИЛ

Share on FacebookShare on Twitter

По севкупно спроведена истражна постапка против 19 лица во предметот „Империја“, предметниот обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен акт против преостанатите три лица.

Според Обвинителниот акт прво и второобвинетиот сториле кривични дела Злоупотреба на службена пложба и овластување и Перење пари и други приноси од казниво дело, освен овие кривични дела на товар на првообвинетиот му се става и кривичното дело Измама за кое се товари и третообвинетиот.

– Според опишаните дејствија во Обвинителниот акт прво и второобвинетиот и веќе едно осудено лице, во периодот од месец мај до месец август 2013 година како соизвршители ги искористиле своите овластувања како одговорни лица – членови на Одбор на директори на правно лице и претставници на акционерскиот капитал. Тие заедно по претходен договор, со умисла помогнати  од сведок – соработник на правдата и веќе осудено лице во предметот, прибавиле значителна имотна корист во износ од 4.000.000 евра за три правни лица, а на штета на оштетеното правно лице и 150 малцински акционери. Со намера да го прикријат изворот од казненото дело, прво и второобвинетиот паричните средства ги пренесувале на жиро сметки на други правни лица, се вели во соопштението од Обвинителство.

Во периодот од месец октомври 2013 година до месец јануари 2014 година двајца сведоци – соработници на правдата, заедно, како соизвршители со прво и третообвинетиот, со намера за себе и за друг да прибават значителна противправна имотна корист, довеле во заблуда едно физичко и едно правно лице.

– Со цел по пониска цена да ги земат акциите што во друго правно лице ги поседувале оштетената и оштетеното правно лице, лажно прикажувајќи факти ја довеле во заблуда оштетената да преземе дејствија со кои нанела значителна имотна штета од 283.591.535,00 денари на себе си и правното лице за сметка на акциите што ги поседувале и што биле продадени на физички и правни лица за износ од 433.592.465,00 денари.  Откако со извршување на кривичното дело Измама била прибавена корист за правно лице во кое еден од сведоците на правдата бил сопственик и управител, за да ги прикрие парите дека потекнуваат од кривично дело, по основ на позајмици ги пренел на три правни и едно физичко лице, а потоа уделот од правното лице што го поседувал го пренел на трите правни лица на кои им биле дадени позајмици, па откако имотната корист прибавена со кривичното дело им била исплатена како дивиденда од по 107.833.000,00 денари, правното лице било пренесено на  оф шор компанија од Белизе и ликвидирано, информираат од Обвинителство.

Паричните средства прибавени од кривично дело и исплатени по основ на дивидендата на правното лице каде членовите на семсјтвото на првообвинетиот биле сопственици, се вели во соопштението, за да се прикрие дека потекнуваат од кривично дело по насоки на првообвинетиот 62.000.000,00 денари по основ на позајмица биле префрлени на неговата лична сметка, а останатите во износ од 45.833.000,00 денари правното лице ги пуштило во оптек за плаќање по разни основи.

Од досегашните постапки во предметот „Империја“ , освен Обвинителниот акт против три лица, како што информираат Обвинителство, произлегоа:

– пресуди за седум лица врз основа на предлог спогодби,

– истражната постапка што се однесува за МПМ и е против четири лица, меѓу кои едно лице е сведок – соработник на правдата во друг дел од предметот, е доставена на надлежно постапување во Основното јавно обвинителство Скопје,

– за две лица донесена е Наредба за запирање на истражната постапка врз основа на чл.304 бидејќи за дејствијата што им се ставаат на товар извршени во период 2002-2004 веќе е донесено решение за истата работа од страна на друго обвинителство,

– за едно лице истражната постапка е запрена поради настапување на застареност на кривично гонење,

– за две лица меѓу кои е и лице кое за дел од истражната постапка се спогоди со обвинителствотое донесена Наредба за прекин на истрага поради настапување на околности што привремено го спречуваат кривичното гонење, а се однесува на укинувањето на пресудата за предметот Трезор каде против лицето се водеше постапка за предикативното дело на кривичното дело Перење пари , а во овој предмет се овде за перење и други приноси од казниво дело опфатено во овој предмет и

– за дејствија од 2009-2015 година за три лица меѓу кои се и двајца сведоци – соработници на правдата се донесени решенија за непреземање на кривично гонење врз основа на член 44 ст.1 т.3 од ЗКП.

Од Обвинителство, исто така, информираат дека воедно, со одлука на судот, а по предлог на ОЈО ГОКК во корист на државата е конфискуван имот во вредност од 10.676.653,00 евра, а со Обвинителниот акт е доставен и предлог во корист на државата од тројцата обвинети да се конфискува имот во вкупна вредност од 292.333.000,00 денари или 4.753.382 евра.

Tags: „Империја“обвинителен актобвинителствоТрезор
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    121 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ