• Latest

Подобрена е ситуација со дезинформациите во однос од пред пет години

October 31, 2022
Гробовите на Сребреница

Од 1992 до 1995 година во војната во БиХ исчезнале 3.838 жени

July 5, 2025
Газа (скриншот од видео снимка)

Израел продолжува со воздушните напади врз Газа откако Хамас соопшти дека е подготвен за преговори за прекин на огнот

July 5, 2025

Иран не се согласил на инспекции, ниту се откажал од збогатувањето ураниум, вели Трамп

July 5, 2025
Мурал Ратко Младиќ во Белград, Фотографија/ скриншот од видео на Ал Џазира

Србија и Сребреница: Од гласна тишина до бучна релативизација

July 5, 2025
„Жолто копче“ дигитално здравство
Фотографија/ Министерство за здравство

МЗ: Северна Македонија меѓу првите држави со европски стандард во дигиталното здравство – „Жолто копче“

July 5, 2025

Дојава за бомба во косовскиот парламент, евакуирани пратениците

July 5, 2025
Ванг Ји, министер за надворешни работи на Кина во Брисел
Фото/ скриншот од видео на ЦНА

Кина е подготвена да ги координира мировните напори за Украина со Франција, изјави кинескиот министер за надворешни работи

July 5, 2025
Фото: Твитер

Украинските воздушни одбранбени сили неутрализираа 292 од 322 руски дронови преку ноќ

July 5, 2025

Мицкоски и рускиот ДУМА пратеник, тоа се тие афирматори на „данок на бездетност“

July 5, 2025

Прекината мерката притвор за Додик, според судот на БиХ веќе не претставува опасност по уставниот поредок

July 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФО ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Подобрена е ситуација со дезинформациите во однос од пред пет години

October 31, 2022 15:59
in ВЕСТИ, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Ковид-кризата, руската инвазија во Украина, измамите со промоции на социјалните мрежи, како и теориите на заговор се областите за кои се шират најголем број на дезинформации во земјава, заклучи уредникот на „Вистинометар“ Владимир Петрески, на панел-дискусијата „Различностите и дезинформациите во Западен Балкан“, но, како што оцени тој, ситуацијата со лажните вести е подобрена во однос од пред пет години, за време на тогашната „политичка криза“.

Тој, зборувајќи на дискусијата, што се одржува по повод „Денови на медиумска писменост“, нaгласи оти смета дека општо земено ситуацијата е подобрена од што беше пред пет, шест или седум години, во смисла на политичката криза што ја имавме од 2014 до 2017 година.

– Одредени типови дезинформации, лажни информации што исто така содржеа отворен говор на омраза, дискриминација, етикетирања, лаги и клевети, такви нешта денес не се зачестена појава во масмедиумите во мекедонскиот медиумски простор. Освен можеби во одредени медиуми што се доста одалечени од мејнстримот, значи со други зборови стојат некаде на маргините. Пред пет години, во тоа време, дезинформациите зачинети со повици на насилство, дискриминација, говор на омраза, беа една редовна појава, нагласи Петрески.

Тој истакна дека денес таквиот пристап е поместен само кон одредени маргинални медиуми, далеку од мејнстримот и повремено и единствено во секциите за коментирање на социјалните медиуми.

– Повторно зборувам за содржини кои што не се шират далеку по медиумите и социјалните мрежи бидејќи таквиот јазик, таквиот тип на изрази доколку се дел од една содржина што се шири далеку, ние имаме начин како да ја запреме, како да и се спротивставиме. Убеден сум дека може да си претставите дека еден од нашироко распространетите типови на теми коишто се користат за да се споделуваат дезинформации е сегашната војна во Украина, односно агресијата во Русија, рече Петрески.

Тој наведе дека на почетокот лажните вести произлегувале од забуна во врска со полето на битките, но како што минувало времето „фронтот на дезинформации“ се повлекол наназад и можеле полесно да препознаваат од каде доаѓаат дезинформациите и да се спротивстават.

– Сега по осум месеци борби овој фронт на дезинформациите е јасно исцртан. Можеме да видиме кои иинтернет портали ги објавуваат овие дезинформации и што е уште поважно можеме да видиме кои се нивните извори, од каде ги собираат дезиинформациите кои понатаму ги шират, рече Петрески.

Тој информираше дека висок процент на дезинформациите и мрежи на дезинформации произлегуваат од задграничните простори.

– Би можело да се каже дека во моментов имаме работа со меѓународни мрежи на дезинформации и поединци и веб-сајтови и профили на социјалните медиуми и страници на овие мрежи, чии што администратори знаат каде да се обратат за да ги стекнат овие дезинформации, и ова е сега одредено, јасно ни е, препознаваме и можеме дури и да ги предвидуваме дезинформациите кои ќе се објават, бидејќи можеме да видиме дека се веќе објавени од странство, според што знаеме дека овој или оној профил ги користи дадените извори за да ги преобјави, знаеме дека за ден-два таа содржина ќе биде преобјавена на македонски јазик, потенцираше Петрески.

Тој наведе дека главната тема поради која се генерира голем број на дезинформации е се уште исто така Ковидот и вакцинацијата против ковид и покрај фактот што ковид-пандемијата започна пред речиси три години.

– Овие дезинформации имаат многу силна моќ и се уште се присутни наоколу. Една од главните причини за нивната успешност е фактот дека се повторливи, дека се конзистентни и ова се случува поради тоа што оние кои ги шират тие дезиформации во врска со Ковид, за жал, веруваат во истите дезинформации, тие се убедени дека ковид не постои, веруваат, посочи Петрески.

Тој посочи дека друга тема на дезинформации во голема мера се измамите. Тој наведе дека главно станува збор за измами на социјалните медиуми, кадешто со користење на лажни промоции како на пример информации за некакви промоции за машини за перење, се собираат податоци на корисниците коишто ќе подлегнуваат.

– Се продаваат на брокери, на податочни брокери, на трговци со податоци или во одредени случаи дури и да им се извлечат финансиски средства на корисниците барајќи плаќање на одредени трошоци за достава за да добијат гратис некаква си машина за перење. Ова е прилично раширено во последно време. Брендовита на познатите локални комании се користат за да се организираат вакиве лажни наградни игри, истакна Петрески.

Тој ги спомена и теориите на заговор, особено они за Ковид и за војната во Украина.

– Видовме дека истите информации ги споделуваат они луѓе коишто знаат „толку многу“ за Ковид, одеднаш се покажува дека исто толку знаат и за руско-украинската војна и ги користат и ги поврзуваат ваквите настани за да создадат теории на заговор, рече Петрески.

Тој нагласи дека идејата на сите тие нешта е да се рашират неколку наративи коишто имаат силни политички ставови зад себе.

– Тоа не води до сознанието дека има странски злонамерни и недемократски влијанија, малигни влијанија кои што дејствуваат овде и овие дезинформации во суштина произлегуваат од ваквите влијанија во поголемиот дел од случаите, заклучи Петрески.

На дискусијата покрај Петрески, учествуваа и Никола Петровиќ – извршен директор на Центарот за меѓународни и безбедносни прашања ISAC, тинк-тенк од Србија, Петрит Зогај – национален уредник на Sbunker.net, Медиумска издавачка организација од Косово, Барбара Хала – новинар и истражувач во Faktoje.al, сервис за проверка на факти од Албанија и Исмар Милак – проектен координатор во „Зашто не“ (Why not) од Босна и Херцеговина, основач на сервисите за проверка на факти Istinomjer.ba. Тие на дискусијата се осврнаа на ситуацијата со дезинформациите во нивните земји.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Костадинов до Латас: Кога ќе ја чепнеш честа на мојот мртов татко, правдата не се моли. Се зема.

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • 24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Скопје како зона без контрола: Убиен пешак, нападната пратеничка, автобус во пламен – државата го губи компасот

    91 shares
    Share 36 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ