НАСА ја лансираше Parker Solar Probe, прва мисија на човештвото во дел од атмосферата на Сонцето наречена корона каде директно ќе ги истражи соларните процеси кои се клучни за разбирање и предвидување на временските настани кои можат да влијаат врз животот на Земјата.
Првите резултати од научното набљудување се очекуваат во декември, а со тоа и револуција во разбирањето на Сонцето.
Наодите на мисијата ќе им помогнат на истражувачите да ги подобрат своите предвидувања за временските настани во вселената, кои имаат потенцијал да ги оштетат сателитите и да им наштетат на астронаутите на орбитата, да ги нарушат радио-комуникациите или пак да ги преоптоварат електричните мрежи.
Parker Solar Probe е дел од програмата на НАСА, Living with the Star која ги истражува релациите на системот Сонце-Земја што директно влијаат врз животот и општеството.
Во текот на својата седумгодишна мисија, Parker Solar Probe ќе направи уште шест прелетувања на Венера и вкупно 24 пати ќе помине покрај Сонцето, постојано патувајќи кон Сонцето, додека не го направи својот најблизок пристап на 3,8 милиони милји. Во овој момент, сондата ќе се движи приближно 430.000 милји на час, поставувајќи го рекордот за најбрзиот објект направен од човештвото.
Мисијата е именувана по Јуџин Паркер, физичар кој прв го теоризираше постоењето на сончевиот ветер во 1958 година. Ова е прва мисија на НАСА која ќе биде именувана по жив истражувач.
Б. Ј.