Недолично однесување на воспитувачка во градинката „Детска радост“ забележa граѓанската новинарка Јулијана Ортаковска, која што видеото го сподели на својот Фејсбук профил.
„Ова се случува позади грбот на родителите од многу „искусните“ вработени во градинката во Гевгелија. Плачењето траеше два саата, а таа (воспитувачката) наместо да ги смири им се обраќаше со погрдни зборови…“, напиша Ортаковска.
По објавувањето на видеото од градинката „Детска радост“ во Гевгелија каде воспитувачката со погрдни зборови му се обраќа на дете, Министерството за труд и социјална политика итно реагираше со цел расветлување на случајот во најкраток можен рок.
„Одделението за инспекциски надзор за заштита на децата веднаш стапи во контакт со директорот на установата, а инспектори се упатени на терен за да извршат вонреден инспекциски надзор. Доколку се потврди веродостојноста на случката, сите одговорни ќе бидат веднаш санкционирани. МТСП нема да толерира било какво несоодветно однесување со децата во градинките, се вели во соопштението.
Д.М.