• Latest

Покрената меѓународна истрага против градоначалникот на општина Илинден

January 30, 2018
Кијив, 2 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив преживеа уште една ноќ на руски терор: најмалку 13 загинати во масовен напад со ракети и дронови

July 2, 2026

Изборен инженеринг во најава: Како власта си го приватизира Изборниот законик

July 1, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Гласање по интернет како компензација

July 1, 2026

Граѓански форум: „Едно големо ништо“ – доминантен одговор за реконструираната влада на Мицкоски

July 1, 2026

Реконструкција без реформски потенцијал: Нова шминка на старото лице на власта, државата останува блокирана

July 1, 2026

Мицкоски ја реконструира Владата: Промени во ресорите и проширување на коалицијата

July 1, 2026

Разурнувачкото „наследство“ на РФ

June 30, 2026
Илустрација ВИ

Изборниот законик во заложништво на партиските пресметки – изборните реформи заглавени меѓу блокади и обвинувања

June 30, 2026

Мицкоски има потреба од внимание и нежност, поддршка

June 30, 2026

Владина реконструкција: Пазарење со фотелји и партиски рокади на сметка на реформите

June 30, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Покрената меѓународна истрага против градоначалникот на општина Илинден

January 30, 2018 13:39
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Загрижени од непочитувањето на законските акти и обврски и на новата Влада, граѓаните на општина Илинден покренаа меѓународна истрага за непочитување на Законот за денационализација и позитивно-правната регулатива со која се нанесени милионски штети на правните наследници на имот одземен со национализација во периодот по 2 август 1944 год во, со вкупна површина од околу 115 000 квадратни метри, и тоа само во спорниот дел од атарот на Општина Илинден.

Правните наследници на имотот покренале постапка пред надлежните органи уште во 2002 год, а за правните и кривични одговорности кои произлегуваат од непочитување на истите Градоначалникот Жика Стојановски бил  известен со Преставка во 2008 год.. Согласно член 20 од законот за денационализација од 8 мај 1998, предметната недвижност за која се бара враќање во сопственост и владение на поранешните сопственици, и сите правни дела, судски или управни одлуки се ништовни, а Градоначалникот Стојановски, бил должен според Законот за локална самоуправа и ингеренциите кои произлегуваат од истиот, да внимава на спроведување на Законот.

И покрај наведените предупредувања и законски обврски, Стојановски почнува со отуѓување на спорниот имот, и со тоа извршил противзаконско дејство за што граѓаните се надеваат на отпочнување на постапка за кривична одговорност на Стојановски. Со овој чин покрај прекршувањето на веќе споменатиот Закон, дополнително ги оштетил и правните лица на кои им го продал спорниот имот. Од имотните листови кои можат да се видат на страницата на Агенцијата за Катастар и недвижности, на спорните парцели се појавуваат имињата на компаниите „Адора Инжинеринг“, „Сахара Глобал“, „Метро Медикал“, но и други угледни компании.

Во оваа шема за отуѓување на приватен имот, а кој е предмет на постапки според постојните закони, покрај општинските органи во Илинден, учествуваат и вработени во Министерството за Земјоделие и Водостопанство како и од Министерството за Градежништво и Транспорт од минатата власт, а за што вклучените во наведените постапки ги информирале и новите раководства на овие органи на новата власт.

Правните експерти што ги консултираше ЦИВИЛ Медиа, изразија зачуденост и загриженост од неажурноста и непостапувањето на органите на извршната власт, а особено што загрижените граѓани кои нѐ информираа за случајот, тврдат дека за ова ги информирале највисоки претставници на МВР уште во јуни минатата година. Разочараноста на граѓаните на Илинден и правните наследници во случајот е огромна, но додаваат дека се надеваат дека меѓународните пријатели на Македонија ќе помогнат да се врати угледот и честа на институциите на државата. Во интерес на истрагата тие не откриваат за која странска институција или држава станува збор.

Против градоначалникот на Илинден се води уште една меѓународна истрага.

М.С.З.

Tags: денационализацијаЖико СтојановскиИлинденмеѓународна истрага
Share210TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ