Граѓан(к)ите велат дека единствено доверба им преостана во Специјалното јавно обвинителство и сметаат дека не треба да се укине. Тие не веруваат во Јавното обвинителство, бидејќи, како што велат, „не е на сигурни нозе“, одговарајќи на прашањето на ЦИВИЛ Медиа: „Дали имате доверба во СЈО?“
Жителите на Скопје додаваат дека немаат доверба во СЈО, бидејќи нема целосна автономија.
„Доколку ги остават да работат како што треба, без сопки и притисоци од ниту една политичка партија, со оглед на нашата вродена недисциплина, таков орган, како што е СЈО е потребен“, велат граѓаните.
Една граѓанка потенцира дека на државата и непходен орган како што е СЈО, само да не биде корумпирано како политичарите.
Друга граѓанка додава дека почнува да ја губи надежта не само во СЈО, туку воопшто во судството и се сомнева во тоа дека ќе има правна држава во Северна Македонија.
„Мене ми е јасно зошто се ослободени некои политичарите, но што ќе прави обичниот народ, кај ќе бара правда?“, прашува таа.
Дехран Муратов
Камера: Ангела Петровска
Mонтажа: Биљана Јордановска
Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО (!!!), освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста. Повредата на авторските права е забранета со закон.
Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања.