• Latest
Добро утро со Орданоски

Политички земјотрес: Сите да го бираат лидерот!

October 28, 2020

ДЗР: 65,5 отсто од потребната енергија во земјава за 2024 била обезбедена од увоз

October 30, 2025

Нова изборна постапка во рок од 60 дена од конечните резултати на локалните избори во Гостивар, Врапчиште, Центар Жупа и Маврово

October 30, 2025
Скриншот од видео на CNN

Трамп по самитот со Си во Јужна Кореја најави скоро потпишување на трговскиот договор со Кина

October 30, 2025
Скриншот од видео на
7NEWS Australia

Трамп нареди продолжување на тестирањето на нуклеарно оружје, за прв пат по повеќе од 30 години

October 30, 2025

Почнува дистрибуцијата на гласачките ливчиња: Во недела ќе се гласа во 32 општини и во Скопје, прегласување во една, а нови постапки во четири општини

October 30, 2025
Скриншот од видео на FRANCE 24 English

Победа на центристите над крајната десница на холандските избори – покажуваат излезните анкети

October 30, 2025

ДЕМОКРАТСКИ НАВИГАТОР денеска во Тетово: Од локални гласови до заедничка иднина

October 30, 2025
Фото: Rosneft.de

САД привремено ги ослободија од санкции подружниците на Роснефт во Германија — Што значи тоа?

October 29, 2025

ИЗБОРНА ХРОНИКА: Кампањата финализира со нови ветувања, поддршка за кандидати, додека победниците ги верифицираат мандатите

October 29, 2025
Фредерик Лејдквист, директор на Стокхолмскиот центар за источноевропски студии (SCEEUS) во Шведскиот институт за меѓународни односи. Фото: Stockholm Institute of Transition Economics (SITE)

Фредерик Лејдквист од Шведскиот институт за меѓународни односи: Студената војна сега би била најдоброто сценарио

October 29, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

Политички земјотрес: Сите да го бираат лидерот!

October 28, 2020 07:41
in ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: САШО ОРДАНОСКИ

Некако премолчено и без големо внимание во јавната сфера во Македонија – во која, инаку, се „џвакаат“ бескрајни расправии за секакви ежедневни глупости – помина веста за одлуката за промена на партискиот Статут во владејачката СДСМ со којашто, во иднина, изборот на тамошниот претседател ќе се прави со општо гласање на целото партиско членство.

Медиумите информираа за тоа како да се работи за пуштање на уште една селска чешма.

Можеби некој смета дека е ова „внатрешна работа“ на една од партиите во државава што не ги засега другите? Или е веста толку ненадејна (иако благовремено најавена), збунувачка, па и необична за нашите сфаќања на султан-партискиот систем, што дозволивме да ни „прелета“ преку нашите глави како заталкана ластовичка која заборавила дека на есен треба да е на друга географска широчина?

Да се разбереме: за политичкиот систем во државата и за понатамошниот развој на овдешнава демократија, оваа одлука има епохално значење што не смее да се потцени. Таа е на трагата на почетокот на суштинските реформи за тоа кој и како владее со нашите политички партии, кои потоа владеат со сите нас.

Бидејќи, додека општеството е во перманентен триесетгодишен процес на општи реформи – спори и недоволно успешни, додуша, какви што сме самите ние – тие, партиите, останаа надвор од какви било суштински промени во комунистичките „комитетски“ методи на управување, високо централизирани и со различни облици на узурпации, од лидери избрани, често, со проблематичен легитимитет, на начин чија легалност се сведува на тоа кој прв ќе се дофати до фиоката во која се чува партискиот печат. Пречесто дебелината на вратовите на бодигардите играле поважна улога од конгресните делегати.

Да се разбереме уште нешто: ужасно е бирањето на лидерите на директни, општи – макар и внатрепартиски – избори! Но, подемократски начин сè уште никаде не е измислен.

Бидејќи, ваквите избори знаат на површина да ги извадат не најдобрите, туку најизвиканите кандидати; тие можат да бидат и внатрепартиски популисти од кои си патиме и на општата, вонпартиска политичка сцена; а и партиските „кујни“ нема да бидат помал фактор одошто се сега… Ќе се јават и безброј други проблеми, локализми, сепаратизми, догматизми, демагогии, фракционерства, клиентелизми и кариеризми… Можеби некој итарпејовски ќе се досети дека лидерот ќе се бира на општи внатрепартиски избори, но како единствен кандидат?!

Па, сепак, ако ништо друго, потешко е да наместите гласање на илјадници партиски членови, отколку да го контролирате патот на гласачките кутии што води низ темниот ходник од конгресната сала до просторијата на комисијата за верификација на гласовите. Познавам партии во кои и денеска, макар и на шега, важи поговорката: „Не е важно кој гласа, туку кој ги брои гласовите!“

Затоа е овој потег на Зоран Заев – да, де, негов е! – уште една крупна политичка иницијатива по која ќе биде запаметен во историјата на македонскиот политички систем. И откако ќе заборавиме кој денеска го мразел, а кој го сакал. Бидејќи македонските демократски партиски хронологии ќе се делат на периодот пред и по оваа суштинска партиска реформа во СДСМ.

Таа „преродбеничка“ шанса ја имаше Христијан Мицкоски во ВМРО-ДПМНЕ неколку месеци, а можеби и три години пред Заев. Како и за многу други нешта, и со таа можност се размина. Но, да, и тој ќе биде запаметен, во малите букви на фуснотите во македонската политичка историја.

 


Сите права се задржани. ЛИНК: Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста. Тесктот е личен став на Авторот.

Print Friendly, PDF & Email
Share63Tweet40Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    136 shares
    Share 54 Tweet 34
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Арсовска шири лажни вести: Директорот на „Комунална хигиена“ сè уште е во притвор и не потпишувал „во срце и душа сум ВЛЕН“

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ