• Latest

Политичките лидери го ставија здравјето на граѓаните пред изборниот натпревар

March 17, 2020
Илустрација ВИ

Последна недела од кампањата за локални избори

October 13, 2025
Скриншот од видео на
The Free Press Journal

Најмалку 27 лица убиени во судирите меѓу Хамас и вооружени членови на клан во градот Газа

October 13, 2025
Скриншот од видео на АРТ

Десетици убиени во судирите меѓу Пакистан и Авганистан во најжестоките борби откако Талибанците се вратија на власт

October 13, 2025
Фото: Скриншот од видео на Sky News Australia

Макрон го објави новиот кабинет со премиерот Себастијан Лекорну, додека притисокот околу буџетот се интензивира

October 13, 2025
Скриншот од видео на FOX news

Трамп размислува да испрати ракети „Томахавк“ во Украина

October 13, 2025
Израелски хеликоптери се упатуваат кон базата Реим за да ги примат вратените заложници. Фото: ИДФ

Првите седум ослободени заложници од Газа придружувани од ИДФ се враќаат во Израел, потврди војската

October 13, 2025

Жерновски: Ни ја исклучија струјата сред митинг во Иловица, но не и вербата!

October 12, 2025

„Не бараме одмазда, бараме правда“ – протест на Ромите во Виница за претепаниот советник Умут Скопко

October 12, 2025

Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

October 12, 2025
Фото: А. Мехмети/ЦивилМедиа

Семејни пат’ридии

October 12, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРОЦЕСИ ИЗБОРИ

Политичките лидери го ставија здравјето на граѓаните пред изборниот натпревар

Во Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска се одржа лидерска средба на која присуствуваа претседатели и претставници нa парламентарните политички партии од власта и од опозицијата, каде е постигна консензус дека предвремените парламентарни избори закажани за 12 април, поради состојбата со коронавирусот, COVID-19 треба да се одложат.

March 17, 2020 16:56
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска се одржа лидерска средба на која присуствуваа претседатели и претставници нa парламентарните политички партии од власта и од опозицијата, каде е постигна консензус дека предвремените парламентарни избори закажани за 12 април, поради состојбата со коронавирусот, COVID-19 треба да се одложат.

На средбата од СДСМ присуствуваа Зоран Заев и Љупчо Николовски, од ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и Гордана Силјановска-Давкова, од Алијанса за Албанците,  Зиадин Села и Арбен Таравари,  од Алтернатива, Африм Гаши и Скендер Реџепи, од Движење Беса, Билал Касами и Арјанит Хоџа и од ДПА, Орхан Ибрахими и Фрумзим Даути.

„Здравјето и безбедноста на граѓаните немаат цена и за нас се на прво место. Како одговорна партија сите наши капацитети ги ставаме на располагање на заштитата на граѓаните. Согласно анализите и проекциите за економските последици подготвуваме сет на мерки за помагање на економијата. Уште еднаш сакам да им се заблагодарам и изразам почит на сите кои се борат со овој вирус. Верувам дека ќе успееме да се избориме со овој предизвик како што сме се избориле со другите предизвици. Денеска дадовме право на претседателот Пендаровски да свика експертска група да најде правно формално решение за одложување на изборите и распишување на новите избори. Верувам дека ќе се најдат и правните формулации, исто тката верувам дека институциите ќе најдат начини за прогласување вонредна ситуација“, изјави Зоран Заев по лидерската средба.

Лидерот на Движењето Беса, Билал Касами, истакна дека за нив здравјето на граѓаните е поважно од изборите или од тоа кој ќе победи на истите.

„Среќни сме што и другите политички партии се со став дека засега пред се, треба да мислиме на здравјето на граѓаните  и на нашите семејства и на сите други што за коишто сме тука да ги претставуваме, изјави Билал Касами, лидерот на Движењето Беса по лидерската средба кај претседателот Пендаровски.-Затоа, денес, едногласно се согласивме сите политички партии кои бевме присутни овде, дека засега нема услови да се организираат слободни и демократски избори“, истакна Касами.

Зијадин Села изјави дека институциите секогаш можат да прават повеќе. Тој упати апел до Владата да бидат внимателни со кризните жаришта на корона вирусот во Дебар и околината.

„За Алијансата на Албанците една од целите за водење политика е безбедноста на граѓаните во ситуација кога се загрозува здравјето на граѓаните, без здравје не може да има безбедност. Заради ова ние ја прифативме поканата на претседателот, се договоривме да се одложат изборите, а формата треба да ја најдат експертите по уставно право.. Ценам дека ситуацијата треба да се земе сериозно од граѓаните“, изјави Села.

„Убедени сме дека земјата се наоѓа во деликатна состојба и затоа побаравме да се прогласи вонредна состојба“, изјави Орхан Ибрахими, потпретседателот на ДПА по лидерската средба кај претседателот Пендаровски.

Христијан Мицкоски изјави дека лидерите биле едногласни во одлуката за тоа дека дравјето и безбедноста на граѓаните се пред се и оти е неопходно да се одложат претстојните параламентарни избори.

Според него, останува да се најде правен начин како тие да се одложат без да се повредат Уставот и законите, а за тоа, рече, правни експерти попладне ќе се состанат со претседателот Стево Пендаровски и ќе дадат мислење. Тој смета дека нема правен основ да се свика повторно Собранието и оти затоа треба да се бараат други начини.

Ангела Петровска 

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Мицкоски: Да за ЕУ и гаранции од Европскиот совет, не за билатерални услови

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Семејни пат’ридии

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ