• Latest

Политичките партии во Косово за три недели предизборна кампања добија казни од над 400.000 евра од Панелот за претставки и поднесоци

February 4, 2025

24 ЧАСА: Рускиот амбасадор осуетен да ја присвои функцијата „декан на дипломатскиот кор“ во земјава; уапсен убиецот на Чарли Кирк; кандидат за градоначалник на Скопје трча кон Москва

September 12, 2025
Фото: Скриншот од видео на CNN

Велика Британија го отпушти амбасадорот во САД, Питер Манделсон, поради врски со Епштајн

September 12, 2025
фото: скриншот Х

Уапсен осомничениот за убиството на Чарли Кирк

September 12, 2025

Најчесто поставувани прашања поврзани со практични аспекти на изборниот мониторинг на ЦИВИЛ (1)

September 12, 2025

Јаневска и Мицкоски со кратки нозе

September 12, 2025

САД го суспендираат планираниот стратешки дијалог со Косово поради активностите на привремената влада

September 12, 2025

Жестока реторика и меѓусебни обвинувања: Се заоструваат изборните судири меѓу партиите на Албанците во Чаир и Тетово

September 12, 2025
Фото: Скриншот од видео на ONT TV Channel

Белорусија и Русија започнаа заеднички воени вежби „Запад-2025“, по маневрите во 2021 започна целосна инвазија на Украина 

September 12, 2025

Амет: Ромите не се проблемот на Скопје, туку дел од решението и промените што треба заедно да ги донесеме

September 12, 2025
ОЈО/ Фото Б. Ј., ЦИВИЛ

Обвинителство за Онкологија 2: Васев и Нухи не постапувале во интерес на пациентите, туку во свој личен и интерес на приватни компании

September 12, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Политичките партии во Косово за три недели предизборна кампања добија казни од над 400.000 евра од Панелот за претставки и поднесоци

February 4, 2025 10:29
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Политичките партии се казнети со над 430.000 евра од почетокот на изборната кампања за парламентарните избори на 9 февруари.

За 3 недели од почетокот на кампањата, Избирачкиот совет за претставки и поднесоци ги казни политичките партии 88 пати во износ од 433.900 евра, пренесоа косовските медиуми.

Највисоките казни што ги изрече оваа институција до 31 јануари се два случаи од по 20.000 евра. Еден за Демократската лига на Косово (ЛДК) и еден за коалицијата Алијанса за иднината на Косово, НИСМА, Конзервативци, Интелектуалци. Прекршувањата утврдени од страна на Панелот за претставки и поднесоци главно се однесуваат на прекршување на Кодексот на однесување на политичките субјекти.

Опозицискиот политички субјект, Демократската лига на Косово, е субјектот кој има најголем износ на казни меѓу сите партии заверени за изборите на 9 февруари 2025 година. Оваа партија добила 21 глоба од Панелот за претставки и поднесоци во вкупен износ од 112.500 евра. Речиси сите овие казни против ЛДК дојдоа по жалбите на Движењето Ветевендосје.

Владејачката партија има најголем број казни од Панелот за претставки и поднесоци. Ветевендосје има вкупно 22 случаи, но многу пониски од ЛДК. Ветевендосја има вкупно 101.500 евра казни до 31 јануари. Поплаки за владејачката партија упатија ПДК, ЛДК и коалицијата ААК-НИСМА.

И политичкиот субјект сертифициран за изборите на 9 февруари, Семејната коалиција, во пет случаи е казнет од ПЗАП со вкупна сума од 25.500 евра. Приговорите кои беа одобрени ги упатија невладината организација „ЦЕЛ Косова и Дилберизим“ и Ветевендосје. Оваа коалиција е казнета во пет случаи поради прекршување на Кодексот на однесување.

Српска Листа беше казнета во три случаи, од две жалби поднесени од владејачката партија Ветевендосје и  1 од невладина организација. Српска Листа на 24 јануари беше казнета со 4.000 евра поради незаконско користење јавни површини во општина Лепосавиќ, поставување плакати на јавните улици.

Во другиот случај, најголемата српска партија беше казнета од панелот на ПЗАП со 4.500 евра поради истата причина, но со поставување транспаренти на северот на Митровица. Вкупно сумата со која Српска Листа беше казнета од почетокот на кампањата до 31 јануари е 13 илјади и 500 евра, поради прекршување на Кодексот на однесување.

Д. Т. 

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубчо Георгиевски за ЦИВИЛ Медиа: Иван Стоиљковиќ е докажан борец против македонската државност, од раните 90 години беше активен противник на независна самостојна македонска држава

    153 shares
    Share 61 Tweet 38
  • Срџан Амет, прв Ром кандидат за Скопје: Време е да се разбие стигмата за Ромите

    137 shares
    Share 55 Tweet 34
  • (ВИДЕО) AA: Србија денес ја прогласи Северна Македонија за српска територија, Владата го одобри тоа со присуство на вицепремиерот Стоилковиќ

    117 shares
    Share 47 Tweet 29
  • 24 ЧАСА: Молк од владата за големо-српската пропаганда на Денот на независноста; Падна владата на Франција; ЕУ да го осуди Вучиќ по навредите кон европратениците; Во тек е повикот на ЦИВИЛ за изборни набљудувачи

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Зависна независност

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ