Полицаец вчера по полноќ во Тетово учествувал во цртање графит со знамето на Вергина и натпис ВМРО-ДПМНЕ.
Како што известува „А1он“ полициска патрола при обиколка на градот кога го затекнала службеникот, графитот веќе биле исцртан. Полицаецот го цртал графитот со повеќе од пет лица кои го придружувале.
Прашани од полициската патрола дали имаат дозвола за цртање на графити на јавна површина, кажале: „Ќе прашате во седиштето на партијата“. Полицаецот сам се легитимирал како колега на службениците кои патролирале, иако тие му побарале само лична карта, пренесува А1он.
Според информации на „А1он“, полицаецот е вработен во гранична полиција и уште нема информација дали се легитимирани останатите лица и дали ќе се покрене постапка против нив.