• Latest
Полицајците стојат пред влезот на кампот за време на евакуацијата на „Стоп Тесла!“ камп на активисти. Окупацијата траеше од крајот на февруари и беше насочена против проширувањето на Гигафабриката Тесла Берлин-Бранденбург. Според полицискиот штаб, собранието било прекинато поради нарушување на јавната безбедност и ред. Фото: Себастијан Кристоф Голноу/dpa

Полицијата насилно го расчисти протестниот камп во близина на германската фабрика Тесла

November 20, 2024
Вонреден Самит во Брисел 26-27 ноември 2026
(Фото: Европска Унија)

Без договор за буџетот на ЕУ до 2034 година, преговорите продолжуваат во декември

November 27, 2026
Фотографија: Преземено од Pexels

„Ниту една повеќе“: Протестите против фемицидот не се простор за партиска промоција

November 27, 2026
Протести во Тирана, октомври 2026 (фото извор: https://www.facebook.com/karin.mueting)

Албанските студенти влегуваат во политиката со иницијатива за нова партија „Обединети за Албанија“

November 27, 2026
Кијив, 26 ноември 2026 (Фото: ДСНС)

Нови руски напади врз Кијив и Харкив: Загина брачен пар, седум повредени

November 26, 2026
Самит ЕУ -Западен Балкан во Брисел (Фото: Европски совет)

Самит ЕУ – Западен Балкан во Брисел: ЕУ ја потврди европската перспектива на регионот, реформите остануваат клучен услов

November 26, 2026
Силата на Украина е силата на Европа: ЦИВИЛ и Амбасадата на Украина го одбележаа Денот на достоинството и слободата (Фото:  Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

(ВИДЕО) Моќни пораки од обележувањето на Денот на достоинството и слободата: Украина – силна и слободна

November 26, 2026
Ниту една повеќе блокира пред Влада (Фото: Ванчо Џамбаски, Flickr, CC BY-NC-SA 4.0)

Марш во Скопје против фемицидот и семејното наслиство: Не е љубов ако те убива

November 26, 2026

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026

Светот против насилството врз жените и девојчињата: Правда, заштита и крај на неказнивоста

November 25, 2026

Големи и мали: Гуливеровата опомена

November 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНИ ТЕМИ

Полицијата насилно го расчисти протестниот камп во близина на германската фабрика Тесла

November 20, 2024 19:45
in ЗЕЛЕНИ ТЕМИ, ОПШТЕСТВО, СВЕТ
Полицајците стојат пред влезот на кампот за време на евакуацијата на „Стоп Тесла!“ камп на активисти. Окупацијата траеше од крајот на февруари и беше насочена против проширувањето на Гигафабриката Тесла Берлин-Бранденбург. Според полицискиот штаб, собранието било прекинато поради нарушување на јавната безбедност и ред. Фото: Себастијан Кристоф Голноу/dpa

Полицајците стојат пред влезот на кампот за време на евакуацијата на „Стоп Тесла!“ камп на активисти. Окупацијата траеше од крајот на февруари и беше насочена против проширувањето на Гигафабриката Тесла Берлин-Бранденбург. Според полицискиот штаб, собранието било прекинато поради нарушување на јавната безбедност и ред. Фото: Себастијан Кристоф Голноу/dpa

Share on FacebookShare on Twitter

Германската полиција разби протестен камп во вторникот во шумата во близина на фабриката на американскиот производител на електрични автомобили Тесла во близина на Берлин, наведувајќи дека ги прекршува јавниот ред и безбедноста.

Активистите за заштита на животната средина ја окупираа шумската површина од февруари во знак на протест против плановите за проширување во фабриката Телса, единствената европска фабрика на производителот на автомобили, пренесува ДПА.

Портпаролот на полицијата, Даниел Кеип, рече дека еколошките активисти постојано ги прекршиле прописите и извршиле кривични дела за време на нивниот протестен камп.

Тој рече дека полицијата, исто така, не може да воспостави контакт со водачите на демонстрантите и дека повеќе не може да претпоставува дека протестот ќе остане мирен.

Од понеделникот во кампот за протести се распоредени полицајци.

Портпаролката на демонстрантите, сепак, тврди дека одлуката на полицијата да го расчисти целиот камп, каде што живеат десетина луѓе, била непропорционална.

Бесни сме“, рече таа.

Првично, на активистите им беше наредено само привремено да напуштат дел од нивниот шумски камп изграден со куќички на дрвја поради планирана потрага по експлозив. Властите долго време го истражуваа кампот поради сомневање дека таму се чувале експлозиви.

Сепак, противниците на Тесла одбија и се искачија високо меѓу дрвјата за да избегнат да бидат отстранети од полицијата. Во понеделникот, полицијата извлече шест лица од куќите на дрвјата затоа што одбиле да заминат доброволно.

Тесла, со која раководи милијардерот Илон Маск, планира да ја прошири локацијата во берлинското предградие Грунхајде за да создаде товарна станица и простори за складирање. Производителот на автомобили предложи за оваа намена да се купи шумска површина од германската покраина Бранденбург.

„Во тек се разговори со Тесла“, изјави портпаролот на Министерството за животна средина и шумарство на Бранденбург.

М. Д.

Tags: Илон Маскпротести во БерлинТесла
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ