• Latest

Полковникот Коколански ја прими својата нова должност – командант на Командата за обука и доктрини

August 23, 2022

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026

Светот против насилството врз жените и девојчињата: Правда, заштита и крај на неказнивоста

November 25, 2026

Големи и мали: Гуливеровата опомена

November 25, 2026
Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Амбасадорката Дир: На Украина ѝ се потребни силна меѓународна поддршка, правда за руските злосторства и безбедносни гаранции

November 24, 2026
Филип Стојановски, Фондација Метаморфозис (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Стојановски: Украина ја брани слободата на сите нас, а руската пропаганда ја загрозува демократијата во Европа

November 24, 2026
Олександр Урбанович, претседател на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“(Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Урбанович: Враќањето на секој Украинец од руско заробеништво мора да остане меѓународен приоритет

November 24, 2026
Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Дерала: Силата на Украина е сила на Европа, слободата на Украина е слобода на Европа

November 23, 2026
Руски беспилотни летала навлегоа во полскиот воздушен простор, 11 септември 2025/ Фото: Скриншот од видео на
CBS News

Руски ракети Х-101 паднале на полска територија, Варшава бара засилена поддршка од НАТО

November 23, 2026
Завршна пленарна седница на COP31 во Анталија, на која не беше постигнат консензус за главниот завршен документ. Фото: Xuthoria / Wikimedia Commons, CC BY-SA 4.0.

COP31: Државите не постигнаа договор за клучните прашања на климатската криза, спорот за фосилните горива ги блокираше преговорите

November 23, 2026

Владата и студентите: Операција „Дување во јогурт“

November 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Полковникот Коколански ја прими својата нова должност – командант на Командата за обука и доктрини

August 23, 2022 13:11
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Денеска во велешката касарна „Алексо Демниевски – Бауман“ полковникот Васко Коколански ја прими својата нова должност, командант на Командата за обука и доктрини во Армијата на Република Северна Македонија. Коколански досега ја вршеше должноста заменик-командант на Првата пешадиска бригада во Армијата, информираат од Министерството за одбрана.

На свеченоста на која присуствуваше министерката за одбрана Славјанка Петровска и заменик – началникот на Генералштабот на Армијата, генералот Азим Нуредин, полковникот Коколански истакна дека Командата за обука и доктрини како важен и нераскинлив дел од Армијата ја има улогата на лидер во трансформацијата и прилагодувањето на потребите на новото време.

„Командата за обука и доктрини во извршување на својата мисија, во центарот на гравитација го има најважниот дел од Армијата, а тоа е војникот, подофицерот, офицерот цивилното лице, со еден збор, човечкиот фактор во Армијата кој е клучен во операционализација на визиите и стратешките цели на нашите политички и воени лидери како и новиот Концепт на НАТО. Затоа може слободно да кажам дека од исклучителна важност е местото и улогата на Командата за обука и доктрини во современото безбедносно опкружување“, рече новиот командант на КОД.

Командата за обука и доктрини ја организира, координира и реализира индивидуалната обука на војници, питомци, подофицери и офицери од активниот и резервниот состав, а служи и како поддршка во колективната обука на командите и единиците на Армијата и развој на доктрините и научените лекции.

Во состав на Командата освен армискиот полигон „Криволак“ се повеќе центри за обука, меѓу кои и центрите за индивидуална обука, обука на питомци, странски јазици, одгледување и дресура на кучиња, изработка на доктрини, и Центарот за симулации.

М.Д.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ