• Latest

Половина од општините не објавуваат редовно информации за јавните набавки

July 29, 2019
Неуморни и сеприсутни: Државната служба  за вонредни состојби на Украина (ДСНС): Кијив, 27 октомври 2026

Студот и темнината како оружје на рускиот агресор – Комисија на ОН: воени злосторства и злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Протести во Франција: Владата најави мерки од 5 милијарди евра, нови протести на 31 октомври и 5 ноември

October 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Кој ќе биде оревокршач во Македонија

October 28, 2026
Амбасада на Израел, Белград,  28 октомври 2026 (Фото: Министерство за внатрешни работи на  Србија)

Втор напад за две години пред израелската амбасада во Белград, прогласено црвено ниво на закана

October 28, 2026

ШТО Е СНОБ: Легендата за sine nobilitate и опседнатоста со докажување на сопствената вредност

October 28, 2026
Џелал Хоџиќ

Време е да се растераат темните облаци на Путин над Западен Балкан

October 28, 2026

РЕАКЦИИ: Србија по студентската победа – надеж за промени или страв од повторување на старите грешки?

October 27, 2026

Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

October 27, 2026
Насер Селмани

Случајот Селмани пред Уставниот суд: Јавна расправа за слободата на изразување

October 27, 2026
Топлина за Украина

Топлина за Украина: Повик за помош на амбуланта во близина на фронтот

October 27, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Половина од општините не објавуваат редовно информации за јавните набавки

July 29, 2019 10:11
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Само една од пет општини, поточно нецели 20 отсто, на своите интернет страници тековно ги објавуваат огласите за јавни набавки, покажа прегледот што Новинската агенција „Мета.мк“ деновиве го направи на страниците на 80 општини и Градот Скопје. Скоро половина од општините или 48% немаат објавено никакви податоци за јавните набавки или постоечките им се застарени.

Стари договори или празни категории за јавни набавки имаат 15 општини, а 21 општина немаат ниту тековни огласи, ниту линк до нивните огласи на Електронскиот систем за јавни набавки (ЕСЈН).

За визуелен преглед на отчетноста на општините,  кликнете на следниот линк: https://infogram.com/opshtinie-nabavki-1hdw2jq53kzp4l0

Градот Скопје и уште 26 општини, пак, ги објавуваат само крупните јавни набавки, склучени договори или имаат објавено линкови до огласната страница на ЕСЈН. Една општина воопшто нема веб-страница, а други две имаат исклучително нефункционално присуство на интернет.

Според анализа спроведена од „МЕТА“, само 16 општини редовно и тековно ги објавуваат огласите за јавни набавки на своите веб-страници.

Ниското ниво на транспарентност на локалните власти се потврдува и во Индексот на активна транспарентност на Центарот за граѓански комуникации на Центарот за граѓански комуникации. Според овој индекс општините објавуваат само една четвртина од информациите за финансиите кои треба да ги објавуваат.

Владата минатата недела им препорача на општините и на Градот Скопје да ги објавуваат основните информации за јавните набавки на своите интернет страници, како постапка за транспарентност во согласност со Националниот акциски план за отворено владино партнерство.

„И општините и министерствата најслабо стојат кај активното објавување информации од областа буџетска и фискална транспарентност, каде што од можни 100 отсто, општините исполнуваат само 26 отсто (лани 25 отсто), а министерствата 57 отсто (лани 26 отсто) од обврските за активно објавување информации“, се заклучува во анализата на Центарот за граѓански комуникации.

Иако е повисока во однос на лани, активната транспарентност на министерствата и на општините и во 2019 година останува на ниско ниво, нагласува ЦГК, наведувајќи дека процентот на исполнување на обврските за проактивно објавување на информациите од јавен карактер е 56 отсто кај сите 97 институции вклучени во истражувањето.

„Трета година по ред расте активната транспарентност на министерствата, додека по двегодишниот пад, конечно пораст забележува и активната транспарентност на општините. Сепак, остана големиот јаз меѓу степенот на активна транспарентност на министерствата и на општините“, стои во истражувањето, кое утврдило просечна активна транспарентност од 77,6 отсто кај министерствата и 51, 7 кај општините.

Втора година по ред, само 8 од 20 најдобро рангирани институции се општини, за разлика од 2017 година, кога во таа категорија биле 16 општини. Наспроти тоа, само општини ги заземаат последните 39 места на ранг-листата на Центарот за граѓански комуникации.

Вкупната вредност на јавните набавки на општините во Македонија лани изнесувалa 80 милиони евра, а биле реализирани 2.737 јавни набавки.

Share12TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ