Министерството за надворешни работи на Полска покрена иницијатива за воведување санкции против претседателот на Босна и Херцеговина. ентитетот Република Српска Милорад Додик, јавуваат регионални медиуми.
Постапката е покрената поради „сериозно кршење на интегритетот на Босна и Херцеговина, која е признаена како субјект на меѓународното право“ од страна на Додик.
Иницијатор е министерот за надворешни работи на Полска, Радослав Сикорски, а детално образложение за одлуката ќе биде објавено по завршувањето на постапката и нејзиното стапување во сила.
Доколку барањето биде потврдено, тоа би значело дека на Милорад Додик ќе му биде забрането влегување во таа земја, престој, како и транзитирање низ неа.
Забраната за патување за претседателот на Република Српска, Милорад Додик, исто така, би значела дека тој нема да може да лета преку полска територија до Русија во иднина.
Досега три европски земји воведоа санкции против Додик – Германија, Австрија и Велика Британија, додека претходно, Соединетите Американски Држави воведоа санкции против претседателот на РС, компании и поединци поврзани со него.
Д. Т.