• Latest
Фото: Д. Мишев/ЦИВИЛ Медиа

Помина во Брисел извештајот на Вајц за Северна Македонија

June 24, 2025
Фото: МикВести/Телеграм

Анџелина Џоли го посети разорениот од војна Херсон, на првата линија на фронтот во јужна Украина

November 6, 2025
Скриншот од видео на ВВС

Нова политичка реалност во САД: изборите во Њујорк покажуваат инклузивност и промена во политичката култура

November 5, 2025

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (1): Виц што не е виц – дедо и внук во спротивни „изборни“ улоги

November 5, 2025
Скриншот од видео на Х

Хоџиќ: Мамдани победи во битката за Њујорк, но му даде надеж на светот!

November 5, 2025

Шефот на ОН предупредува дека силите за стабилизација во Газа мора да имаат меѓународен легитимитет

November 5, 2025
Скриншот од видео на
Baku TV | RU

Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

November 5, 2025

Ројтерс: Кина забранува странски чипови за вештачка интелигенција во центри за податоци финансирани од државата

November 5, 2025

До ДИК се поднесени 16 приговори за гласањето во вториот круг од локалните избори, рокот завршува во 16 и 30 часот

November 5, 2025

Координативното тело на Кодексот за однесува во онлајн просторот: 8 преставки за прекршувања на новинарски и политички етички стандарди во изборниот процес

November 5, 2025

Македонија меѓу амбицијата и застојот, Уставните измени – тест на зрелоста за европската иднина

November 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Помина во Брисел извештајот на Вајц за Северна Македонија

June 24, 2025 10:12
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Фото: Д. Мишев/ЦИВИЛ Медиа

Фото: Д. Мишев/ЦИВИЛ Медиа

Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Христијан Мицкоски, кој го издигна на највисоко ниво гласањето за предлог извештајот за Mакедонија во Европскиот парламент, доживеа дебакл во Брисел.

Според утринското гласање во Комитетот за надворешни работи на ЕП, зад него не застанаа неговите сојузници, Групата на народните партии (ЕПП), а нивниот преставник најави дека со идентична позиција на парламентарната седница околу извештајот ќе излезат и Зелените и европарламентарците од политичката група Обнова. Практично во ЕП утрово ЕПП предложи дополнителен устен амандман според кој во делот за македонскиот јазик и идентитет требаше да се додаде описот „модерен“, но поради противењето на шест европарламентарци тој не можеше да биде ставен на гласање. Но, Галер од групата ЕПП најави дека истиот амандман ќе биде предложен и на пленарката каде што конечно треба да биде усвоен извештајот за Македонија кој денес помина во Комитетот, и тоа засилен со поддршка на уште две парламентарни групи.

Со оглед на тоа дека минатата година воопшто не беше усвоен извештај за Македонија во ЕП, за известувачот Томас Вајц и самото поминување на првата пречка за извештајот беше успех.

„Денес го усвоивме првиот извештај за Северна Македонија од 2022 година во Комитетот за надворешни работи. Горд сум на целата напорна работа што беше вложена во наоѓањето компромиси за да можеме да го донесеме овој добро избалансиран извештај со широко политичко мнозинство. ЕУ мора да остане обединета со своите соседи во предизвикувачкиот геополитички пејзаж со кој се соочуваме. Северна Македонија припаѓа во ЕУ. По 20 години преговори, мора да го одржиме моменталниот добар моментум за понатамошно унапредување на процесот на проширување“, соопшти Вајц.

На гласањето му претходеше нервозна атмосфера која се почувствува и во обраќањето  на претседавачот на АФЕТ, Мекалистер, кој нагласи веднаш дека еднаш лани не бил усвоен извештај за Македонија и дека се надева дека тој ќе помине денес – бидејќи на ЕП и треба позиција за ова прашање од Парламентот.

Тој гласно и јасно се огради и од нападите врз известувачот Томас Вајц со оценка дека не ги одобрува личните напади врз него и тврдењата дека оценките во извештајот се непристрасни.

„Сите страни заслужуваат да бидат сослушани пред да се заземат позиции за било кои прашања“, им упати порака Мекалистер на бугарските пратеници кои приговараа и ги осудија како нешто несвојствено и неприфатливо за ЕП средбите и разговорите на известувачот со македонски политичари и  функционери.

Практично, да не беше дебаклот со поддршката за Мицкоски од страна на Европските народни партии, денешното гласање ќе беше најава за позитивен извештај за Македонија во делот на македонскиот јазик и идентитет, но вака останува неизвесно каков ќе биде крајниот епилог во ЕП поради големиот број членови на ЕПП во Парламентот.

Извор: Независен

Share46Tweet29Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    189 shares
    Share 76 Tweet 47
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ