• Latest

Попис ќе има од 1 до 21 април, следната недела почнува првата фаза од попишувањето

February 25, 2021

Синдикатот на „Нова“ и „Радар“ бара повлекување на одлуките за затворање на весникот и отпуштање на соработници

October 28, 2026
Немања Каровиќ, Студентска листа

Каровиќ, Студентска листа: Власта во заминување се обидела да извлече милијарда динари од банка во Србија

October 28, 2026

Израел по изборите: Нетанјаху без мнозинство, опозицијата поделена околу формирањето нова влада

October 28, 2026
Неуморни и сеприсутни: Државната служба  за вонредни состојби на Украина (ДСНС): Кијив, 27 октомври 2026

Студот и темнината како оружје на рускиот агресор – Комисија на ОН: воени злосторства и злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Протести во Франција: Владата најави мерки од 5 милијарди евра, нови протести на 31 октомври и 5 ноември

October 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Кој ќе биде оревокршач во Македонија

October 28, 2026
Амбасада на Израел, Белград,  28 октомври 2026 (Фото: Министерство за внатрешни работи на  Србија)

Втор напад за две години пред израелската амбасада во Белград, прогласено црвено ниво на закана

October 28, 2026

ШТО Е СНОБ: Легендата за sine nobilitate и опседнатоста со докажување на сопствената вредност

October 28, 2026
Џелал Хоџиќ

Време е да се растераат темните облаци на Путин над Западен Балкан

October 28, 2026

РЕАКЦИИ: Србија по студентската победа – надеж за промени или страв од повторување на старите грешки?

October 27, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Попис ќе има од 1 до 21 април, следната недела почнува првата фаза од попишувањето

February 25, 2021 09:22
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, ПОПИС
Share on FacebookShare on Twitter

Пописот на населението, домаќинствата и становите во земјава ќе се спроведе во месец април, порачаа од Владата, најавувајќи дека за помалку од една недела започнува првата фаза од попишувањето. Пописот ќе се спроведе во периодот од 1 до 21 април годинава, а критичниот момент за оваа статистичка операција ќе биде на полноќ меѓу 31 март и 1 април.

Портпаролот на Владата Душко Арсовски вчера на прес-конференција порача дека на државата и е неопходен попис и секој граѓанин треба да придонесе да се спроведе оваа значајна статистичка операција која ќе даде податоци важни за проектирање стратешки планови за натамошен развој на државата.

– Методологијата е дефинирана, сите подготовки се во тек. Од 1 април почнува попишувањето на нерезидентното население, така што она што е извесно е дека оваа статистичка операција ќе се спроведе, изјави Арсовски одговарајќи на новинарско прашање.

Министерот за правда Бојан Маричиќ соопшти дека вчера бил информиран од Државниот завод за статистика дека подготовките за пописот одат во најдобар ред и дека за помалку од една недела започнува првата фаза од попишувањето на населението.

– Тоа што е многу важно е дека Евростат и директно потврди дека Законот за попис и методологијата се во согласност со ЕУ законодавството, односно највисоките стандарди за спроведување на ваква статистичка операција, објави министерот Маричиќ на Фејсбук.

Маричиќ апелираше да престанат сите деструктивни обиди за саботирање на пописот, бидејќи како што нагласи потребно е да се обединиме и конечно да почнеме заеднички да работиме за доброто на државата.

– Апелирам сите чинители својата политичка енергија да ја трошат во развојот и просперитетот на земјата. Тоа им го должиме на граѓаните, порача Маричиќ.

Државниот завод за статистика во вторникот го објави јавниот конкурс за ангажирање 5.055 реонски попишувачи и 506 реонски инструктори, кои ќе учествуваат во спроведувањето на пописот и кои во текот на март ќе бидат обучени за пополнување на апликацијата за попис, од страна на 150 државни инструктори, кои први ќе поминат низ обука наредната недела.

Директорот на Заводот, Апостол Симовски вели дека тоа што критичниот момент за пописот ќе биде на полноќ меѓу 31 март и 1 април значи дека починатите граѓани и родените бебиња по овој критичен момент нема да влезат во статистиката.

– Ние имаме критичен момент и ја гледаме состојбата заклучно со тој датум. Ако лицето било живо до тој момент, но починало пред да пристигнат попишувачите, тогаш тоа лице ќе се брои и ние ќе земеме податоци за тој човек. Од друга страна, ако се роди дете по критичниот момент, тогаш тоа бебе нема да влезе во статистиката. Тоа се прави за да се утврди точната состојба до одреден датум. Тој момент е полноќ помеѓу 31 март и 1 април, па сите податоци се собираат само до тој ден, вели Симовски.

Од 1 март започнува самопопишувањето, како и попишувањето на лицата во Армијата и во дипломатско-конзуларните претставништва. При пописиот ќе се почитуваат пропишаните здравствени протоколи, при што попишувачите ќе добијат маски и друга заштитна опрема, а кај болните и кај лицата во изолација ќе влегуваат со мантили и визири. Според Државниот завод за статистика, добро би било доколку сите инструктори и попишувачи бидат во приоритената група за вакцинирање.

Во врска со пописот вчера се огласи пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова, која изрази резерви околу безбедност во спроведувањето на пописот од здравствен аспект.

– Јас имам дилема дали во ваква кризна состојба каде можеби 15-тина држави, далеку поорганизирани од нас, го одложија пописот, некој ми гарантира за моето здравје или дали јас можам да му гарантирам на оној кој ќе дојде кај мене дека ќе остане здрав, изјави Силјановска Давкова.

Таа оцени дека во ниту една европска држава нема ваков попис, забележувајќи зошто не се попишува само резидентното население кое има постојано живеалиште во земјава, туку и оние кои што се надвор од државата повеќе од 12 месеци.

– Замислете ваков попис во Ирска или во соседна Грција, или во соседна Бугарија, или во Италија колкав ќе биде бројот на жителите, односно на вкупното население, реча Силјановска Давкова, додавајќи дека статистиката е потребна за утре да планираме здравство, образование, култура, социјална заштита, а не за политика.

Во исто време, блокот „Не отворам врата“ вчера до Уставниот суд поднесе Иницијатива за уставна оценка на одредби од Законот за попис на населението, домаќинствата и становите. Јанко Бачев, лидер на партијата Единствена Македонија, која е дел од Националниот блок „Не отворам врата“, изјави дека со иницијативата се оспоруваат член 8 став 1, член 34 став 1 и член 51 од Законот за попис, кои според него не се во согласност со член 7, член 8 став 1 алинеа 1, 2 и 3, член 9 став 1 и 2, член 16 став 1, член 19 став 1 и 2, член 39 став 2 и член 51 од Уставот на државата.

извор: МИА

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ