• Latest

Попис – политичка или статистичка операција?

January 14, 2021

Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

October 30, 2025
Фото: Град Скопје

Арсовска го назначи Александар Јовановски за нов в.д. директор на Комунална хигиена – Скопје

October 30, 2025

ДЕМОКРАТСКИ НАВИГАТОР ВО ТЕТОВО: Од локални гласови до заедничка иднина

October 30, 2025
Тепање на руски војник со повикувачки знак „Фикса“ од 80-тиот тенковски полк на 90-та тенковска дивизија на Централната група. Фотографија: Скриншот од видео разговор со роднини/Верстка

Руските армиски началници мачат и егзекутираат војници кои одбиваат да се борат во Украина, открива истрагата на независниот медиум Верстка

October 30, 2025

Словенечкиот проблем: Кога стравот станува политика

October 30, 2025

Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

October 30, 2025
Скриншот од видео на CNN-News18

„Ова беше колеж, а не операција“- фавелата се тресе од најсмртоносниот полициски напад во Рио

October 30, 2025
Фотографија: Скриншот

Аналитичари за укинувањето на санкциите за Додик -„возвратена услуга“ за повлекувањето од функцијата претседател на РС, аналитичарите за укинувањето на санкциите за Додик

October 30, 2025

Нов фронт меѓу Албанците: Таравари и Села се борат за печат, а електоратот бега и апстинира!

October 30, 2025
Скриншот од видео на Firstpost

„Убиваа цивили во нивните кревети“- хаос и бруталност владеат во Судан по падот на Ел Фашер

October 30, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ КОНТЕКСТ

Попис – политичка или статистичка операција?

January 14, 2021 12:42
in ВЕСТИ, КОНТЕКСТ, ПОПИС
Share on FacebookShare on Twitter

Во контекст на продолжението на собраниската седница каде ќе се расправа за предлог законот за пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, по скратена постапка, кое најверојатно ќе започне, а можеби и заврши, со опструкции од опозицијата, се наметнува прашањето од јавен интерес дали се работи за статистичка или политичка операција. Или можеби, статистичко-политичко пребројување на населението.

На вчерашната расправа се побара повлекување на предлог-законот со образложение дека владејачкото мнозинство треба најпрвин владејачкото мнозинство да организира внатрепартиска и внатре државна дебата со цел да се најде консензуално решение како да се спроведе оваа статистичка операција. Во спротивно тие ќе се преземе иницијатива за негово поништување.

Или, како што вели Мицкоски, пописот не треба да биде политички, во спротивно ВМРО-ДПМНЕ, „нема намера да ги признае и идните раководители на институции кои ќе бидат избрани како предлог на ВМРО-ДПМНЕ немаат намера да ги почитуваат резултатите“.

„Без разлика колку и да не им се допаѓа на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски, попис оваа година ќе има. Пописот не е политичка туку статистичка операција и Мицкоски треба да бара други причини за да ја задржи својата позиција во ВМРО-ДПМНЕ наместо да блокира се што е во интерес на граѓаните и државата… Пописот во 2021 ќе биде спроведен согласно прописите на ЕВРОСТАТ, и по сите меѓународни стандарди“, реплицираат од СДСМ.

Професорката Мирјана Најчевска, надвор од рамките на партиските натезања и аргументирања, направи осврт на причините од дваесетгодишното одлагање на пописот и резултатите што произлегоа од нив.

Причините според Најчевска се сеопштата партизација на земјата, отсуство на праксата на градење политики врз основа на податоци, етничкиот карактер на политичките партии, остварувањето на правата на граѓаните зависи од процентуалната застапеност на конкретна етничка заедница. Како резултат на овие причини 20  години, вели Најчевска, имаме недоверба кај граѓаните во пописот, како дополнителен трошок на државата со кој пак ќе се прават некакви измами, директно или индиректно попречување на пописот од партиите, поделба на „ние“ и „тие“, партиски конфронтации и замена на реалната ситуација и потребите на граѓаните со бројки и проценти поврзано со етничката припадност, а во корист на нечија потреба за освојување на власт, моќ, територија, бенефиции.

„Нешто е многу труло во државата Македонија и неможноста да се спроведе попис е само една од манифестациите на тој трулеж“, заклучува Најчевска.

За политизираноста на пописот свој став има и директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски. Тој на панел дискусијата на ЦИВИЛ „Попис: Помеѓу политиките и статистиките“ вели дека изговорот на политичарите дека и без да сакаат пописот е политичка тема и дека во Уставот има одредени права што се стекнуваат со процедурална застапеност, покажува само дека или не знаат или не сакаат да го читаат Уставот како што треба.

„Во Уставот пишува- граѓани коишто говорат јазик различен од македонскиот да се повика 20 проценти, никаде не е спомната етничката припадност. Што значи дека овој дел нема врска со етничката припадност. Дури и во препораките на Обединетите Нации, и тука се мешаат бабите и жабите во јавноста, нема Евростат свои препораки. Постојат препораки на Обединетите Нации, економската Комисија за Европа, тоа е дел на којшто ние припаѓаме како земја, носи препораки коишто ги прифаќа и Евростат. Значи сите, и Евростат учествува во тие носења како и секоја земја, и ние, како земја, како Завод учествуваме во  подготовката и носењето на тие препораки. И на крај, кога ќе се донесат, важат за сите земји во светот, подеднакво. Правилата на Европската Унија  се многу едноставни, пописите треба да се спроведуваат во годините што завршуваат со бројот 1, и има уште две регулативи, во едната се објаснува аутпутот, што треба да биде излезен податок од пописот, во која форма, какви табели, и содржина, и второ, кои методи на спроведување на пописот се на располагање“, вели Симовски и додава: „Факт е дека пописот се политизира, но проблемот е колку ние како институции ќе дозволиме истиот да се политизира“

Првиот човек на државен завод за статистика, институција задолжена за спроведување на пописот, Апостол Симовски, уверува дека сѐ е подготвено за пописот и дека со обработените податоци од пописот ДЗС ќе излезе за три месеци, а не за шест како што е предвидено во законот.

Пописот во Северна Македонија ќе се спроведува со комбиниран метод и ќе чини 8 милиони евра.

И додека владејачкото мнозинство тврди дека пописот е и ќе се спроведе како статистичка, а не политичка операција, опозицијата смета дека граѓаните уште сега кога не е донесен ниту законот за попис немаат доверба во оваа операција. Односно, за статистичка операција, според опозицијата статистичка операција по консензус од сите политички чинители, сите општествени фактори (или политичка операција заб. на авторот).

Б. Ј.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    137 shares
    Share 55 Tweet 34
  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    137 shares
    Share 55 Tweet 34
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ