• Latest
Проф. Мирјана Најчевска

Пописот не е алатка во државата во која сé е партија

January 5, 2021

Летна хроника на една пропадната држава

July 6, 2026

Слободата е најсилниот јазик што го разбира светот! САД 250 години

July 6, 2026
РУСКИ ТЕРОР ПРОТИВ ЦИВИЛИТЕ: Кијив, 6 јули 2026 (фото: ДСНС Кијив)

Кијив преживеа уште една ноќ на масовен руски терор: Најмалку 11 загинати и 46 повредени цивили во напад со ракети и дронови

July 6, 2026

250 години и еден ден

July 5, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Пропагандни лудаци

July 5, 2026

Врсничкото насилство во Северна Македонија: Симптом на подлабока општествена криза

July 3, 2026
Илустрација ВИ

Демократијата бара консензус во интерес на граѓаните, не изборен инженеринг

July 3, 2026
© Press Service Of The President Of Ukraine / YPV.2026 (преземена од Фејзбук профилот на украинскиот претседател Володимир Зеленски)

Најмалку 27 загинати во масовниот напад врз Кијив, ЕУ со нови санкции против Русија

July 3, 2026
Илустрација ВИ

Политичка битка за Изборниот законик: Електронското гласање за дијаспората ја продлабочува кризата околу изборните реформи

July 3, 2026

Сите засравме сѐ

July 2, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Пописот не е алатка во државата во која сé е партија

January 5, 2021 08:00
in АНАЛИЗИ, ПОПИС, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Проф. Мирјана Најчевска

Проф. Мирјана Најчевска

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: МИРЈАНА НАЈЧЕВСКА

Пописот може да биде традиционален, базиран на регистри, комбиниран. Може да го пребројува постојаното или присутното население. Може да се изведува со попишувачи или по електронски пат. Со употреба на нови технологии и технолошки алатки.

За начинот на изведување на Пописот може да се разговара.

Меѓутоа, на актуелниот степен од развојот на човештвото, никој не ја спори потребата од изведување попис.

Всушност, потребата од попишување на населението воопшто и не е дел од современиот развој. Најстариот попис на населението е изведен во Египет во 3340 година пне. И од тој момент се спроведува во сé поголем број држави и на сé поголем простор.

Според ЕУРОСТАТ: „Пописите за население и домување обезбедуваат прецизен и географски детален број на население во една држава. Тие нудат информации за широк спектар карактеристики на населението на многу детално ниво на вкрстена класификација. Ова ги прави богат извор за длабинска и флексибилна анализа. Пописите даваат основни статистички податоци за формулирање и проценка на политиките, за администрацијата и за истражувања. Со поставување на темелите за проценки на населението, примероци од истражувања и збирки географски податоци, пописите на населението и домувањето се ‘рбетот на социјалната и регионалната статистика.“

Податоците од Пописот овозможуваат државата да го обезбедува остварувањето на основните права на човекот, економскиот развој, да ја менаџира социјалната заштита, дава податоци за потребите на образованието, здравството, условите на живеење… Државата мора да ги базира стратегиите, плановите и активностите на релевантни податоци кои ја даваат реалната слика на состојбите на терен и проблемите со кои се соочуваат граѓаните.

Отсуството на овој вид податоци доведува до ситуација државата да делува „на слепо“, без вистински увид во реалните состојби и нејзините дејствија воопшто да не кореспондираат со потребите на граѓаните.

Ако е сето ова вака, како можеше да се случи во Македонија да нема попис на населението веќе 20 години?

Според мене постојат неколку причини за ваквата ситуација во Македонија.

  1. Првата причина ја гледам во сеопштата партизација на администрацијата, на јавниот сектор, на секој сегмент од државата и секоја државна структура (од горе до доле). Партизацијата ја намалува довербата на граѓаните во објективноста на било која активност која се презема од страна на државата, па и на попишувањето. Тоа станува само уште една можност за злоупотреба, изигрување на законите и манипулирање со податоците.

Резултат: граѓаните воопшто не ја разбираат потребата од попис и го сведуваат само на уште еден непотребен трошок со кој државата сака на некаков начин да ги измами.

  1. Втората причина ја гледам во досегашното отсуство на пракса на градење политики врз основа на податоци. Политиките, стратегиите и активностите на државата не се базираат на објективни податоци, туку на пазарење, меѓупартиски договори и третирање на освоената власт како „плен“ и согласно тоа и криминална поделба на истиот. Во вакви услови, секое постоење реални податоци само го попречува договарањето, го намалува просторот за партиско самоволие и ги ограничува партиите во процесите на пазарење.

Резултат: партиите се обидуваат да го попречат спроведувањето на пописот (директно или индиректно) или само создаваат привид дека се за попис, а креираат атмосфера во која не може да се спроведе.

  1. Третата причина (која е тесно поврзана со првите две) е етничкиот карактер на политичките партии. Во отсуство на партии кои имаат јасна идеолошка подлога која подразбира и соодветна организација на државата и специфична методологија која треба да обезбеди развој во конкретна насока, пописот добива етничка боја, ги возобновува елементите на минатите и актуелните конфликти и станува орудие на партиите во меѓусебните препукувања.

Резултат: и партиите и граѓаните го попречуваат пописот. Едните, за да може и во иднина да го користат во партиските конфронтации, а другите, затоа што го поврзуваат со делењето на „НИЕ“ и „ТИЕ“ што со пописот максимално се мултиплицира.

  1. Четвртата причина е развојот на легислатива во која правата на етничките малцинства се поврзани со бројноста на припадниците на конкретно малцинство. Во моментот кога остварувањето на правата на граѓаните ќе се стави во зависност од процентуалната застапеност на конкретна етничка заедница, секоја статистичка операција станува политички сензибилна, провокативна и подложна на постојани оспорувања.

Резултат: во моментот кога правата ќе се поврзат со процентите, веќе не е важна реалната ситуација и не се важни реалните потреби на граѓаните туку билдањето на бројките како услов за освојување на власт, моќ, територија, бенефиции …

Во вакви услови ниту една (ни онаа најбеневолентна) власт не може да ги убеди граѓаните во потребата од попис, во корисноста на пописот и посебно не во објективноста на презентираната методологија и зацртаните цели.

Нешто е многу труло во државата Македонија и неможноста да се спроведе попис е само една од манифестациите на тој трулеж.

 


Сите права се задржани. ЛИНК: Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста. Текстот е личен став на Авторката.

Tags: Еуростатмеѓуетнички односипартизацијапописразвојстатистика
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ