Државниот завод за статистика. информира дека заклучно со 20 часот вчера, попишани се вкупно 1.212.339 лица, 378.033 домаќинства и 516.787 станови.
Можноста за самопопишување на лица во странство досега ја искористиле – 193.982 лица.
Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, кој официјално започна на 5 септември ќе трае до 30 септември.
Државниот завод за статистикa ги известува граѓаните дека за сите дилеми и нејаснотии кои ги имаат во врска со процесот на попишување можат да се обратат во Бирото за Попис и на телефонските броеви кои се објавени на веб-страницата popis2021.stat.gov.mk .
Успешноста на оваа статистичка операција зависи од сите нас и е за сите нас!