Попишувањето на дијаспората се одвива со забрзано темпо. До затворањето на ова издание на Дневникот на Цивил, попишани се 64.176 државјани на Северна Македонија кои живеат надвор од земјата, според изјавата од Државниот завод за статистика утрово. Апликацијата функционира беспрекорно, а интересот за попишување се зголемува од ден во ден.
Сепак, според извештаите од Мониторинг тимот на ЦИВИЛ, се води и кампања за бојкот на попишувањето на Македонците во дијаспората.
„Кампањата е придружена со лажни вести, теории на заговорот и говор на омразата“, се вели во извештаите.
Од друга страна, луѓе од дијаспората со која контактираше ЦИВИЛ тврдат дека повиците за бојкот се апсурдни, бидејќи на тој начин ќе останат невидливи токму Македонците кои живеат надвор од земјата.