Неизвесно е патувањето на премиерот Заев во Мостар по повод доделувањето на годишната награда на Центарот за мир и мултиетничка соработка на грчкиот премиер Алексис Ципрас, дознава ЦИВИЛ Медиа од неофицијални извори. Наградата за мир минатата година му беше доделена на македонскиот премиер.
Настанот во Мостар е извонредна можност за средба меѓу македонскиот и грчкиот премиер. Сепак, поради одолговлекувањето на преговорите на Лидерската средба меѓу четирите лидери на најбројните парламентарни групи, особено поради инсистирањето на Мицкоски на амнестија, оваа важна средба е доведена во прашање. Настанот започнува во 20 часот вечерва во Мостар.
фотографија во прилог на текстот: SOOC