Непристапноста на избирачките места за лицата со посебни потреби преставува огромен проблем во остварувањето на правото на глас кај оваа група на граѓанки и граѓани.
Набљудувачите на ЦИВИЛ бележат огромен број на избирачки места кои немаат пристап за лицата со специјални способности низ целата територија на Република Македонија.
Според извештаите од терен на избирачкото место 2441 во основното училиште „Емин Дураку“ во општина Сарај, лице со посебни потреби гласало надвор од избирачкото место, во дворот на училиштето, откако претседателката на избирачкиот одбор заедно со двајца членови од одборот му го доставиле гласачкото ливче надвор од избирачкото место.
Набљудувачите на ЦИВИЛ во своите извештаи бележат голем број на избирачки места каде што воопшто немало паравани наменети за овие лица. Такви се случаите со избирачките места 2955, 2956/1, 2956, 2955/1, 2963 и 2966/1 во општина Шуто Оризари.
Забелешки има и за избирачките места 1181 и 1182 во општина Старо Нагоричане.
Вулнет Махмути