ОБСЕ е една важна организација која што се грижи за безбедноста во општеството на 57 земји-членки. Апсолутно претседавањето со ОБСЕ за Македонија значи афирмација во меѓународен поглед затоа што кога се раководи со една таква крупна организација значи и способност на државата да биде во тие меѓународни текови и регулирање на прашањето за безбедноста на целиот европски контитент и пошироко, вели за „Локално“ поранешниот амбасадор и дипломат Марјан Ѓорчев за нашето претседавање со Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ).
Тој вели дека конференцијата за безбедност и сигурност е многу важна за она што претставува еден стандард на мир, соработка и коезистенција и тоа на Македонија ѝ дава една меѓународна верификација. Претседавањето со ОБСЕ е верификација на македонската држава, потенцира Ѓорчев.
Ѓорчев истакнува дека речиси сигурно е дека клучна точка во нашето претседавање со ОБСЕ ќе бидат жариштата во светот, а едно од тие е и Украина.