По речиси две децении бегство, македонските безбедносни служби го лоцираа и уапсија Хамди Бајрами, познат по прекарот „Командант Бреза“, по кого беше распишана меѓународна потерница од 2003 година, пренесе ИНА.
Бајрами, кој се појавува како Бајрамовски во документот за потерница на веб-страницата на МВР, се барал по наредба на Основниот суд Скопје II за кривични дела сторени по член 237 од Кривичниот законик, како и за други тешки кривични дела.