• Latest
Photo by Luuk Wouters on Unsplash

Посакајте им добро на сите и не очекувајте да ви се врати. Добрината во срцето е награда сама по себе. Среќна Нова!

January 2, 2023

Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

October 1, 2025
Фото: Амбасада на САД во Северна Македонија/ Фејсбук

Поради затворањето на американската влада, Фејсбук сметката на амбасадата на САД нема да се ажурира регуларно

October 1, 2025
Џелал Незири
Фото: Ариан Мехмети, ЦИВИЛ

Незири во интервју за ЦИВИЛ за клучните геополитички и локални предизвици – остро и директно

October 1, 2025
фото: Фејсбук на Изет Меџити

Меџити: Османи доктор на Тик-Ток, ама не за Чаир – ДУИ ја продаде каузата на Албанците за српски банки и казина

October 1, 2025
Фото: Скриншот од видео на DawnNews English

Италијанската премиерка ѝ наложи на флотилата за помош за Газа да запре или ризикува да стане изговор за спречување на мирот

October 1, 2025

Ден на бранителите и бранителките на Украина

October 1, 2025

Народен правобранител: Бесплатна телефонска линија за пријавување повреда на избирачкото право за локалните избори

October 1, 2025

„Неслушнатите 12 милиони“ – Советот на Европа со повик за акција за правата на Ромите и Патниците

October 1, 2025
Фотографија: МВР

Од 12 октомври нов систем за влез/излез од ЕУ: За што сè треба да се подготват патниците

October 1, 2025
Пожар избувна во рафинеријата за нафта Ново-Јарославски во рускиот град Јарослав на 1 октомври 2025 година. Фото: Руски Телеграм канал Астра

Пожар избувна во голема руска рафинерија за нафта во Јарослав по наводен инцидент „предизвикан од човек“

October 1, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Посакајте им добро на сите и не очекувајте да ви се врати. Добрината во срцето е награда сама по себе. Среќна Нова!

January 2, 2023 00:11
in СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Photo by Luuk Wouters on Unsplash

Photo by Luuk Wouters on Unsplash

Share on FacebookShare on Twitter

ЏАБИР ДЕРАЛА

Деновиве разменив(ме) многу честитки, си упативме убави зборови и мисли едни на други. Добив, како и секоја година, зилиони честитки во различни формати – зборови, гифови, стикери, емотикони, видеа, линкови… Меѓу оние со кои разменив убави зборови и желби се мои поблиски и подалечни пријател(к)и, колешки и колеги од медиумите и невладините, читател(к)и, уметници, интелектуалци, работници, политичари…

Вечерва ќе соберам на едно место еден дел од пораките што ги упатив во изминатите неколку дена, во пресрет на Новата 2023 година. Сигурен сум дека во океанот од пораки ќе пропуштам многу убави мисли и пораки, но ништо не изгубено, може овој текст и да се продолжи.

„Среќна Нова. Нека оваа година биде исполнета со искачување кон врвот. Со ледена смиреност во мислите, со оган во срцето.“

„Среќна Нова Година, другарки и другари, колешки и колеги, дами и господа. Нека ова биде година на Победата!“

„Среќна Нова, драг мој. Нека нѐ следи успех, нека нѐ служи здравје.“

„Учиме заедно и си помагаме едни на други. Ти посакувам среќна Нова и на Тебе и семејството, сите Твои блиски и далечни.“

„Среќна Нова, драг пријателе. Нека те следат здравје, успех и радост Тебе и Твоето семејство. Наше е да се потрудиме да бидеме силни и да им го разубавиме животот на нашите блиски.“

„Мил мој пријателе. Толку си внимателен. Толку далеку и во подрачје каде што те придружува смртна опасност, а ти наоѓаш време да ми упатиш убави желби за конкретни нешта кои се животно важни за мене. Ти благодарам, драг мој. Се надевам дека 2023 година ќе биде што е можно подобра, за тебе, за мене и за оние што ги сакаме. Нека ти се случат најдобрите работи што може да се случат. Чувај се, те молам.“

„Среќна Нова Година и Тебе, другарке. Повеќе здравје, среќа и успех во Новата Година.“

„Среќна Нова. Да останеме на Првата линија.“

„Сѐ најдобро за Тебе, твоето семејство и сите луѓе што ги споделуваат и се залагаат за нашите заеднички вредности.“

„Среќна Нова, драг пријателе, Вам и на Вашето семејство. Нека ова биде година на Победата над злото. Слава Україні!“

„Среќна Нова! Многу сум среќен што пишуваш толку убаво и тоа токму за нас. Фала ти многу. Препорачувам да не им одговараш на глупаците и квази неутралците. Не си го губи времето. Твоите колумни се одговор на нивните штапски налози и ниски политички страсти и амбиции.“

„Нека оваа година биде година на уште повеќе победи и лидерство. Нека биде и година на заедништво во остварување на македонските сништа и стремежи. Сѐ најубаво на семејството, блиските, пријателите и соборците. Среќна Нова Година!“

„Во Новата година со Нова енергија! Да наздравиме за новите идеи, за новите, уште повисоки цели, ЗА ВРЕДНОСТИТЕ, за предизвиците што ќе ги претвориме во можности, заедно, одлучно и храбро. За нашите заеднички победи во Новата Година. Со полна брзина на автопатот кон нови, поголеми достигнувања!“

Оваа беше прифатена од колегиумот на Цивил: „Како што изминува една од најтешките години во изминатите децении, НИЕ сме пред уште една година на борба за ДЕМОКРАТИЈА, за СЛОБОДА, за МИР, за ПРАВДА… НИЕ ЌЕ БИДЕМЕ ДЕЛ ОД ТАА БОРБА! СЛОБОДНИОТ СВЕТ ЌЕ НАДВЛАДЕЕ! Среќни празници од ЦИВИЛ.“

Оваа е од Фронтлајн: „Секогаш на Првата линија. СРЕЌНА НОВА ПОБЕДНИЧКА ГОДИНА.“

А ова е моја, од мене, ја споделив на моите профили на социјалните мрежи: „Нека надежите и сништата станат стварност. Нека Храброста нѐ води до Слободата. Нека Патот до Мирот и Човечкото Достоинство биде чист и пресретлив. Слава на Хероите на Мирот! СРЕЌНА НОВА ПОБЕДНИЧКА ГОДИНА!“

Како што реков, има уште многу… Нотификациите не стивнуваат ни вечерва, на 1 јануари.

Од текстот ги изоставив имињата на луѓето на кои им ги упатив пораките, од разбирливи причини. Впрочем, голем дел од овие пораки можам искрено да ги упатам на многумина други, дури и далечни, па и непознати.

Не е се во напишаните пораки. Во таа смисла, еве и за една средба во пресрет на новогодишната ноќ. Низ маглата на замаглените очила и одблесоците од неонските светла во молот каде што правев last-minute shopping, го здогледав мојот омилен и жесток неистомисленик. Кој следи Цивил, знае за кого зборувам. Се гушнавме како стари добри пријатели и си посакавме сѐ најдобро. Искрено и пријателски. И знам дека и оваа година ќе останеме доследни неистомисленици. Знам дека во нашите разговори јас ќе бидам во право, а тој ќе греши, ќе ме нервира и јас ќе го нервирам (обратното тој ќе го напише кај себе, нели?). Не сме делеле школска клупа, биро, канцеларија, бизнис, друштво, кафеана – никогаш. Идеолошки непријатели сме. Станавме пријатели низ „непријателството“ што си го упатува(в)ме сето ова време.

Тука некаде ќе завршам со оваа моја новогодишна белешка со пораката: Посакајте им добро на сите и не очекувајте да ви се врати. Добрината во срцето е награда сама по себе. Тешко е да се најде сила за добрина, знам. Тешко е да се најде сила за подавање рака. Но сите имаме исти сништа и надежи, сите имаме исти стравови и болки. Заедно сме во овој тежок живот. За да се ископа дупка за некого, треба прво тој што копа да биде во неа. Често и таму да остане. Полесно е да се гледа нагоре кон небото. Таму има место за сите. Среќна Нова!

ПС. Овој текст, како и многу други порано и многу други во иднина, го посветувам на сите луѓе со добро срце и бистар ум, со поглед кон небото. И на сите што ќе го откријат тоа во себе оваа или некоја друга година. Никогаш не е доцна да се крене главата кон небото. Но, што порано, тоа подобро. 


Извор: CivilMedia | Текстот е личен став на Авторот. Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0.
Print Friendly, PDF & Email
Tags: Нова годинапораки
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • РУСКО ПИСМО: „Мајдан“ како закана – кремљовско предупредување до Белград и Брисел

    135 shares
    Share 54 Tweet 34
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Сиљановска-Давкова: Не е точно дека се фотографирав со восочна фигура, фотографијата со Трамп и неговата сопруга е автентична

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • ИЗБОРНА ХРОНИКА: Мицкоски од Вевчани за „црвените линии“ на Филипче, ВЛЕН со конвенција „Еден глас“ во Скопје, Герасимовски од СДСМ вети бесплатни часови за учениците во Центар

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Претседателката реши да го замете дворот на ЕУ, наместо прво да погледне во својот

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ