пишува: ПЕТРИТ САРАЧИНИ
Има ли поголема чест од тоа да бидеш непријател на криминалната банда на вмро-мвро?
Има ли поголема чест од тоа да си го слушнеш името на прес на партија, која го зароби општеството цела деценија, направи криминал од стотици милиони, тепаше и затвораше новинари, медиуми, активисти, шиканираше секој што ќе каже макар и благ збор против неа?
Нема поголема чест.
Слушајте ваму, криминалци. Цела деценија имавте ваша мвро-вмро полиција, судии и обвинители во тефтерче, цела медиумска машинерија која уште ве служи, инспекции, тепачи…и ништо. Чврч.
Не само што не успеавте да најдете ништо спорно оти нема, не само што ви ги спакував како пакетчиња тепачите и провокаторите што ми ги праќавте. Ви се спротивставив и на лично ниво ве победив, и вас, и вашите тепачи, и вашите слуги во институциите и во медиумите. И, го дадов мојот скромен придонес за да бидете таму каде што се сега – лишени од можноста да крадете, тепате, шиканирате, па и убивате.
Оваа хајка којашто ја спроведувате ќе ја издржам, и пак ќе ве победам.
Ако некого поразите, тоа ќе биде општеството што го деградиравте, срозавте до незамисливо ниво и претворивте во општа плукачница, па сега молчи од страв да не случајно дојдете пак на власт. Ако ви дозволат, а ви дозволуваат, можеби сте и на добар пат сте да го направите тоа.
Ама да ме победите мене, може само да сонувате. Дури и да ви се остварат влажните сништа пак да го газите цел овој народ, со мене пак ќе си имате работа. А сега, ајт мрш таму во дупките од кои ползите и труете, идиоти недоносени!