• Latest

Постојат болештии за кои не постои дијагноза

November 22, 2018

Европска фасада, балканска кал: Илузиите за мултиетничко општество и национализмот, најпрофитабилни бизниси во заробената држава

June 21, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
ЈАС И ИТАЛИЈА НИКОГАШ НЕ МОЛИМЕ | Премиерката на Италија, Џорџ Мелони (фото извор: ФБ страница на премиерката Мелони)

Мелони му возврати на Трамп: Јас и Италија никогаш не молиме (ВИДЕО)

June 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026

Амбасадорката Лариса Дир за ЦИВИЛ: Украина ја брани својата европска иднина и продолжува со реформите во услови на војна

June 19, 2026
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница на ВМРО-ДПМНЕ)

ВМРО-ДПМНЕ за пет минути „одговори“ колку чинела роденденската прослава

June 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Постојат болештии за кои не постои дијагноза

November 22, 2018 10:30
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Денот беше како и сите останати – обичен. Ме разбуди телефонот. Ѕуљо.

„Има настан во еден трговски центар, бараат жива статуа, слободен си?“

„Слободен сум“, велам.

„ОК, ќе те барам…“, и почна да ми раскажува кој ќе ме бара и за што се работи. Дури и не паметам како ми кажа дека се вика жената од маркетингот која ќе стапи во контакт со мене.

За кратко ме побараа. Се договоривме за мојот настап кој треба да е утре. Утредента појдов во трговскиот. Ме пречекаа на влезната врата и веднаш ми ја покажа просторијата во која треба да се подготвувам за настапот, рекоа, најдоцна за еден час треба да почнам. После години и години работа, мене ми се и дваесетина минути доволни за да се подготвам, што ми даде можност останатите четириесет минути да ги искористам за да ја навикнам маската ставена на моето лице бидејќи работам во затворен простор, што не е воопшто исто со работење на отворен простор.

Се подготвив. Ја навикнав шминката на мене. Поминаа четириесет минути, поточно, помина еден час. Излегов. На влезот на трговскиот беше поставен голем дрвен пиедестал. Се качив на него. Застанав. Во првите половина час беше вообичаено. Минуваа луѓе, се фоткаа, се зезаа, се смеевме, поточно тие се смееја гласно, до душа и јас се смеев гласно, но, тие тоа не го гледаа.

Некаде околу четириесеттата минута од настапот на влезната врата се појавија мајка и син. Веднаш ми оставија впечаток. Детенцето се затрча кон мене.

„Мамо, мамо, види, види мамо. Што е ова. Дојди да го видиме“.

Мајката внимателно пријде до мене. Ме гледаше одблизу. Веројатно не можеше да препознае дали сум навистина статуа или човек. Тргна со раката да ме допира, јас внимателно да не го исплашам детето неприметно за голо око се повлеков неколку милиметри наназад со телото. Не можеше да препознае дали сум се тргнал или не бидејќи моето движење беше минимално. Потоа дојде да ми го допира лицето. Демонстративно ја тргнав главата наназад и и’ намигнав. Таа, малку се исплаши. Детенцето почна да се радува.

„Божееее, болесник!“, рече жената. „Болно нешто е ова сине. Болно. Подалеку да стоиш од вакви, кој знае што може да ти направи. Остави го, не го допирај. Ајде да си одиме одовде, треба да јадеш, а и не треба да бидеш во близина на вакви. Боже господе, што човек нема да види по светов. – рече видно нервозно мајката која на неколку пати се повика на господ и почна и да го влече детето за рака безмалку насилнички за да го оттргне од пултот каде што стоев јас, а каде што детенцето со воодушевување гледаше“.

„Ајде треба да јадеш!“, нареди авторитетно мајката.

„Супеееер. Сакам да јадам хамбургер во сендвичарата, со многу компири, кечап и мајонез, може мама?“, праша детенцето.

„Па, нормално бе мама дека во сендвичара ќе јадеме, каде може на друго место да јадеме“, се насмевна задоволно мајката и речиси веќе и да заборави на тоа дека се покрај мене опиени од идејата дека ќе јадат хамбургер со многу кечап и мајонез.

Мене тоа на некој начин дополнително и ме израдува, всушност, ме израдува фактот дека детенцето не ја прими толку многу лошо пораката од мајка му која таа му ја претстави за мене, за живите статуи воопшто. Не, мене воопшто не ми пречеа што се тука, не се ниту први ниту последни со ваква реакција.

И тргнаа.

По неколку направени чекори длабок глас го стресе приземјето на трговскиот центар кој доаѓаше од зад мене.

„Дома подготви му да јаде на детето ма глупачо една!!!“

За почеток, прво мене ме стресе целата таа гласна галама бидејќи доаѓаше од зад мене, второ дојде неочекувано за мене и за мојата неподготвена концентрација за нешто слично такво. Од памет се извадив.

Мајката и синот застанаа и се завртеа кон пултот каде што стоев јас.

„Ххахахахахахахахаха“, почна силно да се смее детето. „Што е тоа глупача, мамо?“

Зад мене цело време стоела жена која јас воопшто не ја забележав. Случката се одвиваше на пет чекори од мене.

Жената се доближи до мајката и детето и со насмевка на лицето и’ се обрати на мајката, гледајќи во детето.

„Овој чичко што стои тука не е ништо болно. Болно е тоа што сега ти ќе одиш да јадеш нешто што не смееш ни да помислиш да го ставиш во уста. Тоа е болно, ама во паметот болно, сине. Нешто за што не постојат лекови, ниту пак се знае како да се дијагностицира и со што да се лекува, ако ме разбираш што сакам да ти кажам?“

„Не разбирам“, збунето одговори детето.

Настана тишина. Жената се насмевна, клекна до детето, го помилува по косичката и му рече.

„Твојата мајка не е таква. Биди без грижа. Таа не е болна“, потоа се исправи и застана директно пред лицето на мајката

„Ајде сега драга, паметна и здрава во паметот госпоѓо однеси си го детето во сендвичара и при здрав памет дај му да јаде компирчиња во 300 пати препржуван зејтин, полиени со мајонез. Тоа навистина е здраво и треба да се јаде, секој ден во што поголеми количини, особено да го јадат деца на возраст каква што е твоево. Сега ќе се извинам, но морам да се вратам онде на пултон и да му фрлам паричка на оној човек таму, тоа е жива статуа, тоа е уметност, кој најверојатно храни фамилија од она што стои таму, а според тебе е болен. Минимално, ама само минимално понекогаш треба да се користи мозокот. Наместо да му фрлиш паричка и да го мотивираш, ти, се виде ли што направи?“

Мајката молчеше. Детенцето збунето гледаше во жената.

„Ви посакувам убав ден“, рече жената со длабокиот глас, го помилува уште еднаш детето по косичката и дојде до пултот, ми фрли паричка и замина.

Мене целата таа ситуација ме фрапираше бидејќи со ништо не предизвикав цела една ваква караница на влезот во еден трговски центар, во едно обично попладне, во еден обичен ден во Скопје.

Жената замина. Заминаа и мајката и детето, веројатно во сендвичарата, не знам.

Денот продолжи нормално, како ништо претходно да не се случило. По кратко дојде менаџерката на трговскиот центар.

„Сè е во ред?“, ме праша.

Климнав со главата и се насмевнав. И дадов знак дека се е во ред. Од звучниците во трговскиот центар почна да свири, „Once in a life time од Talking Heads“.

Војо Цветановски

Share10TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ