Во 2017 имавме добар меѓународен напредок, од проблем станавме пример во регионот. Она што сите го очекуваме е одреден напредок кон евроатланските интеграции, односно влез во НАТО, почеток на преговорите со ЕУ, но потребни се поинакви промени, затоа што не е доволна само промената на власта, изјави Јован Постолоски за Перспективи 2018.
Во разговор со ЦИВИЛ Медиа, Постолоски истакна дека е потребна пред сѐ, промена на свеста и на интелектот.
„Она што навистина е важно покрај надворешната политика, се надевам дека власта ќе се посвети малку и на внатрешните проблеми, економијата, загадувањето, бидејќи џабе ти е да ја внесеш Македонија во НАТО и ЕУ, ако ние секојдневно внесуваме ПМ и останати честички кои полека не убиваат“, изјави Постолоски за ЦИВИЛ Медиа.
Овој разговор е дел од серијата видео-изјави под заеднички наслов „Перспективи 2018“ во кој учествуваа околу 20 врвни експерти и претставници на граѓанското општество.
„Перспективи 2018“ е дел од проектот „Слободни медиуми за слободно општество“, финансиран од Министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија.
Дехран Муратов
Обработка на текст: Биљана Јордановска