• Latest

„Почитувате закон“ за да не смените режимски мобинг директори, а плата кога?!

February 17, 2018
Преземено од Unsplash

Компанијата Мета се спогоди за скоро 18 милијарди долари по тужбите дека ги „заробувала“ децата на социјалните мрежи

August 27, 2026
Фотографија: Википедиа

Дрон со експлозив меѓу лежалки и чадори: војната во Украина сè поблиску до романското крајбрежје

August 27, 2026
Украина, Сумска област, 27 август 2026 (фото извор: ДСНС)

Ден 1646, руски терор врз цивилите во Украина: Нападнати Кијив и Одеса – оштетени училишта, здравствена установа и станбени објекти

August 27, 2026
Скриншот од видео на Би-би-си

Катастрофални поплави на Хималаите: најмалку 165 загинати, речиси 1.500 исчезнати

August 27, 2026

ВЛЕН и ДУИ: Кој е заслужен за неизградбата на автопатот Скопје – Блаце?

August 26, 2026

Мицкоски коленичи пред Трамп, а Северна Македонија ја нуди како коцкарски жетон

August 26, 2026

Податочни центри во Северна Македонија: Помеѓу технолошката неопходност, локалните реалности и зелените стратегии

August 26, 2026

Украинската сила против руското зло: Моќна порака на претседателот Зеленски до нацијата

August 26, 2026

Опозицијата игра баскет

August 26, 2026

САД го засилуваат економскиот притисок врз Иран: Нови санкции, секундарни мерки и битка за Ормускиот теснец

August 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

„Почитувате закон“ за да не смените режимски мобинг директори, а плата кога?!

February 17, 2018 20:00
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Денес е 16.02. Немам ништо значајно да издвојам како настан на денот. Она што го обележа денешниот просветарски ден во Скопје е настан кој што не се случи.  И денес нема јануарска плата за вработените во средните училишта во Скопје. Значи, најрано ќе бидеме исплатени во понеделник на 19.02. Уште еден очаен викенд.

Пишува: Фросина Митрушева

Ако подобро размислам, тоа и не е така лошо. Инаку можеби ќе падневме во искушение да се растрошиме викендов по моловите кои нудат големи попусти и после… Ја снемало платата за два дена. Е па, ќе ја снема.

И, ете така, си седам и размислувам да му напишам едно писмо на благодарност на градоначалникот Шилегов што мисли на нас просветарите и ни помага да ги победиме нашите расипнички страсти и да се спасиме месецов што следува од беда. Така ни помогна и претходниот месец, и тој пред него, и пред тој…

И така, размислувајќи за убавите зборови со кои ќе му се заблагодарам на градоначалникот, почна да ми текнува на каматите кои ќе ми ги наплатат банките за минусите на картици, ЕВН за задоцнетото плаќање на струјата, БЕГ за парното, ВИП за телефонот и интернетот, водовод за водата. Затоа што сите тие сметки треба да се платат до 15 во месецот и на 16 веќе се пресметува месечна камата за задоцнето плаќање. А на нас никој не ни плаќа камати за доцнењето на платите.

Е тука веќе завршив со благодарноста и поминувам на лутина и бес. И друго писмо ми излетува по тастатурата:

Почитуван (ух, ова тешко ми излетува) градоначалник на град Скопје, Петре Шилегов,

Не знам дали сте информирани (а веројатно сте, затоа што вие ги потпишувате документите) дека во средните училишта во Скопје вработените немаат добиено плата за месец јануари. Како градоначалник и правник мора да знаете дека, според Законот за плати, платата за претходниот месец мора да биде исплатена до 15-ти во тековниот месец. Ние, просветните работници, неисплаќањето на платите во законскиот рок го нарекуваме доцнење на платите, но вие како правник треба да знаете дека тоа е погрешна терминологија и дека се работи за кршење на законот. Така, го прекршувате законот овој месец, го прекршивте претходниот, и тој пред него и тој пред… Не е важно дали се работи за десет, пет или два дена. Нема мали и поголеми кршења на законот, а законот за исплата на плати е јасен. До 15-ти.

Минативе денови, професорите од Скопје очајнички побараа од вас како градоначалник смени на заседнатите во фотелји режимски мобинг директори. Многу јасно одговоривте дека не можете да им удоволите на барањата, затоа што немате за тоа законски можности. Одговор за почит. Но, не е кршење на закон ако се санкционираат лица кои спроведуваат дискриминација и мобинг врз вработените. Напротив, тоа е владеење на правото и почитување на законот.

Затоа, што се однесува и до платите, очекувам од Вас да бидете доследни на самиот себе во почитување на законите и на барањето на професорите да ги добиваат платите според закон,  до 15-ти во месецот, од следниот месец да одговорите позитивно.

Бидете поздравени до наредната плата која треба да ја исплатите до 15.03. Може и порано, на пример, на први, втори, трети… Нема да ви се налутиме. Петнаесет дати имате на располагање за да го испочитувате законот.

Tags: мобингплатапросветарирежим
Share160TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ