• Latest

Почна изборната кампања, Пуџдемон се обрати преку видео врска од Брисел

December 5, 2017

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
No Result
View All Result
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Почна изборната кампања, Пуџдемон се обрати преку видео врска од Брисел

December 5, 2017 08:52
in СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Во Каталонија започна кампањата за изборите за членови на регионалниот Парламент, кој беше распуштен од страна на властите на Шпанија откако пратениците при крајот на октомври изгласаа независност на тој шпански автономен регион.

Некои од водечките кандидати на партиите кои се залагаат за независност се или во притвор во Мадрид или во бегство, како разрешениот премиер Карлес Пуџдемон.

Пуџдемон се обрати на митинг во Барселона преку видео врска од Брисел, каде се наоѓа од укинувањето на каталонската автономија од страна на Мадрид по прогласената независност.

„Шпанските власти сакаат да ги постават сите можни пречки на нашиот пат, за да не можеме да водиме кампања под еднакви услови со другите кандидати. Каталонските гласачи бираат меѓу својата нацијата и потчинувањето, меѓу каталонските институции и мрачните политичари од Мадрид“, изјави Пуџдемон.

Од исходот на изборите се очекува да се види дали Каталонија ќе опстои на проектот за независност од Шпанија.

На претходните избори во 2015 година, партиите кои се залагаат за независност се обединија и освоија тесно мнозинство во Парламентот. Овојпат, сепаратистичките партии настапуваат на изборите одделно, со посебни кандидатски листи.


извор: МИА

Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: изборикампањаКаталонијаПуџдемон
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

    CIVIL MEDIA NEWSLETTER

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    CivilMedia

    СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

    Следете нè

    No Result
    View All Result