Претставници на државни институции и компании, вклучени во процесот на спречување на радикализација преку интернет, денеска напладне во Клубот на пратеници ќе потпишат меморандум за соработка во борбата против радикализација преку интернет, кој произлегува од ИПА-проектот „Зајакнување на капацитетите за превенција/спречување на насилен екстремизам и борба против тероризмот“, финансиран од Европската Унија, соопштуваат од владината прес служба.
Како што соопшти владината прес-служба, документот ќе биде потпишан од претставници на Владата, министерствата за внатрешни работи и за одбрана, агенциите за национална безбедност и за разузнавање, Агенцијата за млади и спорт, Македонска академска истражувачка мрежа, Комората на Република Северна Македонија за приватно обезбедување, Македонски Телеком а.д., А1 Македонија ДООЕЛ Скопје