Потресни снимки од Мариупол како руски тенкови гаѓаат во цивилни згради објави ВОА.
На потресните снимки се гледа како руските тенкови гранатираат цивилни згради во опколениот пристаничен град Мариупол.
Дмитро Гурин, украински пратеник по потекло од Мариупол, денеска изјави дека верува оти Русија се обидува да го изгладне градот, со што ќе го натера да се предаде, набрзо откако Украина го отфрли рускиот ултиматум со кој се бараше од бранителите на Мариупол да го положат оружјето во замена за безбедно поминување надвор од градот
Шефот за надворешна политика на Европската унија, Жозеп Борел, денеска го окаратеризира како „масовно воено злосторство“ рускиот напад врз украинскиот пристанишен град Мариупол.
Подготвил Д.Мишев