• Latest
Антивладини протести, Белград, 28 јуни 2025 (фото извор: видео во живо, ТВ Информер)

Повеќе лица се приведени по полициската операција за отстранување на блокадите на протестите во Белград

June 30, 2025
Фото: МикВести/Телеграм

Анџелина Џоли го посети разорениот од војна Херсон, на првата линија на фронтот во јужна Украина

November 6, 2025
Скриншот од видео на ВВС

Нова политичка реалност во САД: изборите во Њујорк покажуваат инклузивност и промена во политичката култура

November 5, 2025

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (1): Виц што не е виц – дедо и внук во спротивни „изборни“ улоги

November 5, 2025
Скриншот од видео на Х

Хоџиќ: Мамдани победи во битката за Њујорк, но му даде надеж на светот!

November 5, 2025

Шефот на ОН предупредува дека силите за стабилизација во Газа мора да имаат меѓународен легитимитет

November 5, 2025
Скриншот од видео на
Baku TV | RU

Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

November 5, 2025

Ројтерс: Кина забранува странски чипови за вештачка интелигенција во центри за податоци финансирани од државата

November 5, 2025

До ДИК се поднесени 16 приговори за гласањето во вториот круг од локалните избори, рокот завршува во 16 и 30 часот

November 5, 2025

Координативното тело на Кодексот за однесува во онлајн просторот: 8 преставки за прекршувања на новинарски и политички етички стандарди во изборниот процес

November 5, 2025

Македонија меѓу амбицијата и застојот, Уставните измени – тест на зрелоста за европската иднина

November 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Повеќе лица се приведени по полициската операција за отстранување на блокадите на протестите во Белград

June 30, 2025 10:14
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА, РЕГИОН
Антивладини протести, Белград, 28 јуни 2025 (фото извор: видео во живо, ТВ Информер)

Антивладини протести, Белград, 28 јуни 2025 (фото извор: видео во живо, ТВ Информер)

Share on FacebookShare on Twitter

Според српските медиуми, повеќе граѓани беа приведени утрово (30 јуни) по вчерашните протести во Белград. Според медиумите, полицијата ги отстрани сите блокади на протестите на патиштата во Белград, соопшти Министерството за внатрешни работи на Србија (МВР).

Полицијата ги отстрани барикадите и во други градови, каде што демонстрантите ги поставија на десетици локации претходната вечер (29 јуни) – како форма на „граѓанска непослушност“ по големиот студентски протест во Белград.

Во полициското соопштение не се наведува бројот на приведени лица откако беа отстранети блокадите на патиштата.

Студентите во блокадата на факултетите во Белград објавија на социјалните мрежи видеа од апсењата на одредени блокади, велејќи дека „луѓето биле тепани и лишени од слобода“.

Од ноември 2024 година, во Србија се одржуваат масовни протести, предводени од студенти во блокадата.

Vojvode Stepe, policija hapsi studente pic.twitter.com/92PJb4mlDZ

— Kreni-Promeni (@KPromeni) June 30, 2025

Од друга страна, српското МВР оценува дека полицијата постапила „високо професионално“.

Тие тврдат дека полицијата ги привела поради напад и навреда на полицијата и нарушување на јавниот ред и мир.

Според полицијата, сообраќајот во Белград може да „функционира нормално“.

Протестните блокади на патиштата, на десетици локации во српските градови, започнаа на 29 јуни попладне.

Тие се организирани од неформални собири на граѓани, на покана на студенти кои блокираат десетици факултети низ цела Србија во последните седум месеци.

Демонстрантите презентираат три барања до владата.

Тие бараат распишување предвремени избори, како и ослободување на сите уапсени за време на инцидентите по студентскиот протест на 28 јуни.

Третото барање е отстранување на кампот што беше поставен во центарот на Белград пред неколку месеци од страна на противниците на студентските блокади.

Студентите во блокадата, преку социјалните медиуми, ги повикаа граѓаните да продолжат со „граѓанска непослушност“ и да блокираат улици низ цела Србија на 30 јуни.

Добро јутро Србијо!
Баш је лепо слободно шетати. 🟢 pic.twitter.com/pdKkdjUqLS

— Studenti_U_Blokadi (@studentblokade) June 30, 2025

Од ноември 2024 година, во Србија се одржуваат масовни протести, предводени од студенти во блокадата.

Стотици илјади луѓе од почетокот на протестите на улиците бараат одговорност од властите за смртта на 16 лица во несреќа во Нови Сад.

Д. Т. 

 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    189 shares
    Share 76 Tweet 47
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ