„Паркинзи на Општина Центар“ отвори посебна телефонска линија за пријавување на несовесно паркирани автомобили односно автомобили паркирани на места означени за лица со посебни потреби.На телефонскиот број 077 410 002 граѓаните ќе можат да пријават непрописно паркирани автомобили на места означени за лица со попреченост, а по добивање на повикот, пајак службата на ЈП ПОЦ ќе интервенира или сок кревање на автомобилот или со блокатори на автомобили паркирани на непристапни места.
Оваа активнот е дел од кампањата „Паркирај совесно! Не им го одземај паркинг местото на оние на кои им е најпотребно“ која има за цел а се подигне свеста на возачите да не се паркираат на места наменети за лица со посебни потреби и да се посочи проблемот со непрописното паркирање низ градот.
Б.Ј.