Вечерва избувна пожар во објект во Старата скопска чаршија, а од Центарот за управување со кризи информираат дека е зафатена стара куќа во близина на црквата Св.Спас.
„РЦУК Скопје известува дека избувнат е пожар во 19:43 часот на стара куќа во близина на црквата Св.Спас во Стара чаршија.
Во гаснењето на пожарот интервенираат 12 пожарникари со 4 ПП возила“, велат од ЦУК.
















































