И додека новата Влада се обидува да профитира во интерес на државата подобрувајќи ги добрососедски односи со ратификација на Договорот со Бугарија, на партиско ниво препукувањата за кој е во право, а кој не мисли добро на народот на Макеоднија.
И додека ВМРО-ДПМНЕ, на прес-конференција со гласноговорникот Никола Србов, обвинува дека Договорот кој СДСМ и Заев, а не премиерот и Владата, го направи со Бугарија е целосно асиметричен и на штета на Македонија која се обврзува на нелогични и потценувачки отстапки додека Бугарија нема никакви обврски.
Нормално, песимистичката опозиција не ја исклучува можноста дека Бугарија отврено ќе ја блокира државата во било кој дел од преговорите со ЕУ доколку истата оцени дека Македонија не исполнила одреден дел од договорот.
А власта, предводена од СДСМ, со овој договор, како што изјави Србов, дополнително се откажа и од македонското малцинство во Бугарија, за кое согласно чл. 49 од Уставот на државата има обврска да се грижи.
Од друга страна, како реакција на оваа изјава на Србов, СДСМ, аргументира со „целиот демократски свет го поздравува Договорот како значаен исчекор кон евро-атланските интеграции и го истакнува значењето за регионалната и меѓународната позиција на Република Македонија, а само ВМРО-ДПМНЕ неосновано е против и ги оживува политиките на оваа опозициска партија за поделби и изолација“.
Имено, СДСМ, уште еднаш, какои секогаш, ја повикува опозицијата да покаже одговорност пред граѓаните, да ги напушти политиките на изолација, конфликт и поделби и да даде поддршка на политиките што обезбедуваат пријателство, соработка, добрососедски односи и целосна интеграција на Република Македонија во ЕУ и НАТО што истовремено е и врвен државен и национален интерес.
Во меѓувреме, меѓу овие препукувања, останува да се видат благодетите или контра-ефектите од добрососедскиот договор со Бугарија.
Б.Ј.