ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Дали сте за двојни избори-локални и парламентарни?
На крајот на октомври се очекува да се одржат редовните локални избори. Но, превирањата на политичката сцена во земјата го отвораат прашањето и можноста за предвремени парламентарни избори.
Што мислите вие?
Редакција ЦивилМедиа ги повикува сите заинтересирани граѓанки и граѓани да одговорат на ова, но и на претходните прашања на денот во коментарите на објавата.
Некои прашања се деликатни, така што, освен во коментари, секогаш постои можноста да се биде анонимен, па одговорите на ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ да се даваат анонимно, во порака на месинџер или на другите онлајн контакти на ЦИВИЛ.
Најдобрите одговори ќе бидат објавени во посебен прилог.
Сите прашања на денот може да се најдат во рубриката ФОРУМ на интернет весникот ЦивилМедиа.
Редакција ЦивилМедиа