Деновиве повторно се актуализира прашањето околу потребата воведување модел според кој земјава ќе биде една изборна единица со отворени листи. Меѓу отворените прашања е и дилемата дали со евентуалниот нов модел за гласање треба да гласа и дијаспората?
ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Дали треба да гласа дијаспората?
Редакција ЦивилМедиа ги повикува сите заинтересирани граѓанки и граѓани да одговорат на ова, но и на претходните прашања на денот во коментарите на објавата.
Некои прашања се деликатни, така што, освен во коментари, секогаш постои можноста да се биде анонимен, па одговорите на ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ да се даваат анонимно, во порака на месинџер или на другите онлајн контакти на ЦИВИЛ.
Најдобрите одговори ќе бидат објавени во посебен прилог.
Сите прашања на денот може да се најдат во рубриката ФОРУМ на интернет весникот ЦивилМедиа.
Редакција ЦивилМедиа