Министерката за енергетика Сања Божиновска по изјавата на Илијана Јотова, која кажа дека лично ги виде нејзините документи, и таму стои дека изјавува дека има бугарска самосвест, Божиновска реагира дека земала бугарски пасош поради економски потреби, и не потпиша дека е Бугарка, туку дека тоа го прават бугарски адвокати кои наплаќаат пари за да посредуваат.
ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за функционерите со бугарски и други пасоши?
ЦивилМедиа ги повикува сите заинтересирани граѓанки и граѓани да одговорат на ова, но и на претходните прашања на денот во коментарите на објавата.
Анонимност
Доколку сметате дека може да биде загрозена вашата приватност, освен во коментари, секогаш постои можноста да се биде анонимен, па одговорите на Прашањето на денот може да се даваат анонимно, во порака на месинџер или на другите онлајн контакти на ЦИВИЛ.
Најдобрите одговори ќе бидат објавени во посебен прилог.
Редакција ЦивилМедиа