Алијансата на Албанците на Арбен Таравари ја напуштаат владината коалицијата и одат во опозиција. Според Таравари, едногласна била одлуката во партијата и вели дека се горди на промената во албанскиот политички блок која ја направиле после две децении, но дека промените не биле доволни. Таравари најави дека ќе има уште една средба со премиерот Христијан Мицкоски.
ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за излегувањето на Таравари од владата? Дали ќе ја разниша владината коалиција и дали може да предизвика предвремени парламентарни избори?
Редакција ЦивилМедиа ги повикува сите заинтересирани граѓанки и граѓани да одговорат на ова, но и на претходните прашања на денот во коментарите на објавата.
Некои прашања се деликатни, така што, освен во коментари, секогаш постои можноста да се биде анонимен, па одговорите на ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ да се даваат анонимно, во порака на месинџер или на другите онлајн контакти на ЦИВИЛ.
Најдобрите одговори ќе бидат објавени во посебен прилог.
Сите прашања на денот може да се најдат во рубриката ФОРУМ на интернет весникот ЦивилМедиа.
Редакција ЦивилМедиа