ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за израелската војна во Газа?
Велика Британија, Франција и Канада го предупредија Израел дека ќе преземат „конкретни акции“ ако продолжи со „скандалозното“ проширување на воените операции во Газа, и ја повикаа израелската влада „веднаш да дозволи хуманитарна помош да влезе во Газа“
Претходно Израел објави дека дозволил пет камиони на ОН што носат хуманитарна помош, вклучувајќи храна за бебиња, да влезат во Газа по 11-неделна блокада, што за ОН е само „капка во морето “.
Редакција ЦивилМедиа ги повикува сите заинтересирани граѓанки и граѓани да одговорат на ова, но и на претходните прашања на денот во коментарите на објавата.
Некои прашања се деликатни, така што, освен во коментари, секогаш постои можноста да се биде анонимен, па одговорите на ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ да се даваат анонимно, во порака на месинџер или на другите онлајн контакти на ЦИВИЛ.
Најдобрите одговори ќе бидат објавени во посебен прилог.
Сите прашања на денот може да се најдат во рубриката ФОРУМ на интернет весникот ЦивилМедиа.
Редакција ЦивилМедиа