Откако синдикатот објави драстични разлики помеѓу вредноста на синдикалната кошничка и минималната плата, премиерот Мицкоски побара нова методологија и изземање на некои продукти од синдикалната кошничка.
ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што треба да содржи синдикалната кошничка за да ги задоволи критериумите на Мицкоски?
Редакција ЦивилМедиа ги повикува сите заинтересирани граѓанки и граѓани да одговорат на ова, но и на претходните прашања на денот во коментарите на објавата.
Некои прашања се деликатни, така што, освен во коментари, секогаш постои можноста да се биде анонимен, па одговорите на Прашањето на денот да се даваат анонимно, во порака на месинџер или на другите онлајн контакти на ЦИВИЛ.
Најдобрите одговори ќе бидат објавени во посебен прилог.
Сите прашања на денот може да се најдат во рубриката ФОРУМ на интернет весникот ЦивилМедиа.
Редакција ЦивилМедиа