Во последните десетина години 40 отсто од високообразовниот и стручен кадар заминува од земјата. Северна Македонија е во топ 20 земји со емиграција на високобразовните и стручни кадри, а на петто место во рамки на Европската унија, стои во извештајот на Државниот завод за ревизија.
ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Зошто квалификуваниот кадар и младите заминуваат од земјата?
ЦивилМедиа ги повикува сите заинтересирани граѓанки и граѓани да одговорат на ова, но и на претходните прашања на денот во коментарите на објавата.
Анонимност
Доколку сметате дека може да биде загрозена вашата приватност, освен во коментари, секогаш постои можноста да се биде анонимен, па одговорите на Прашањето на денот може да се даваат анонимно, во порака на месинџер или на другите онлајн контакти на ЦИВИЛ.
Најдобрите одговори ќе бидат објавени во посебен прилог.
Редакција ЦивилМедиа