Група пратеници од Демократскиот сојуз до Собранието на Република Северна Македонија доставиле предлог Закон за измени и дополнувања во Изборниот закон, пишува меѓу другото во документот што пристигна во редакцијата на ЦИВИЛ Медиа.
Во документот се наведува дека групата пратеници, потписници на документот, бараат да се отвори пленарна седница на која треба да се дискутира за измените во Изборниот законик, а со кои измени се предлага Република Северна Македонија да биде една изборна единица, со пропорционален изборен модел, и без праг. Предлогот е доставен до Собранието на 5 март, 2021 година.
Д.Т.