Во Собранието на Република Северна Македонија денеска ќе биде одржана четвртата работилница за примена на Кодексот за етичко однесување на пратениците.
На работилницата ќе се разговара за предлог-етичкиот кодекс за пратениците.
Предвидени се две сесии. На првата ќе биде претставен компаративниот преглед на институционални механизми за примена на кодексот на однесување (меѓународни практики), а на втората сесија ќе се дискутира за институционалната структура на телата за следење на примена на Кодексот во Република Северна Македонија.