• Latest

Пратениците од власта и опозицијата со меѓусебни обвинувања за работата на Акетната комисија за Охрид

January 21, 2020

Иран не се согласил на инспекции, ниту се откажал од збогатувањето ураниум, вели Трамп

July 5, 2025
Мурал Ратко Младиќ во Белград, Фотографија/ скриншот од видео на Ал Џазира

Србија и Сребреница: Од гласна тишина до бучна релативизација

July 5, 2025
„Жолто копче“ дигитално здравство
Фотографија/ Министерство за здравство

МЗ: Северна Македонија меѓу првите држави со европски стандард во дигиталното здравство – „Жолто копче“

July 5, 2025

Дојава за бомба во косовскиот парламент, евакуирани пратениците

July 5, 2025
Ванг Ји, министер за надворешни работи на Кина во Брисел
Фото/ скриншот од видео на ЦНА

Кина е подготвена да ги координира мировните напори за Украина со Франција, изјави кинескиот министер за надворешни работи

July 5, 2025
Фото: Твитер

Украинските воздушни одбранбени сили неутрализираа 292 од 322 руски дронови преку ноќ

July 5, 2025

Мицкоски и рускиот ДУМА пратеник, тоа се тие афирматори на „данок на бездетност“

July 5, 2025

Прекината мерката притвор за Додик, според судот на БиХ веќе не претставува опасност по уставниот поредок

July 5, 2025
23 dead and more tha 25 children missing in Texas flood
Photo> screenshot Sky Tv

Поплави во Тексас: 24 мртви и до 25 деца исчезнати откако летен камп беше однесен од поплавите

July 5, 2025

One Stop систем за побрз проток и помалку чекање на граѓаните на ГП Табановце-Прешево

July 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Пратениците од власта и опозицијата со меѓусебни обвинувања за работата на Акетната комисија за Охрид

January 21, 2020 14:38
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Пратениците од власта и  од опозицијата со меѓусебни обвинувања во врска со работата на собраниската Постојана анкетна комисија за заштитата на слободите и правата на граѓанинот на која треба да биде разгледан заклучокот за Охрид како заштитено подрачје под УНЕСКО.

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Трајчо Димков на денешната прес-конференција  во Собранието рече дека СДСМ со денови ја опструира работата на Постојаната анкетна комисија за заштитата на слободите и правата на граѓанинот.  

-Јавно ги повикуваме пратениците на СДСМ да одговорат зошто не доаѓаат на оваа значајна Комисија и со тоа ја попречуваат работата на седницата. На СДСМ не им одговара заклучокот што неминовно ќе произлезе доколку заседава оваа комисија, а се однесува на скандалозниот закон за управување со Охрид како заштитено подрачје под УНЕСКО, што го поднесоа во Собранието, па експресно го повлекоа и отидоа со лажен закон пред Комитетот на УНЕСКО во Баку, рече Димков.

Тој посочи дека на заинтересираните, поточно невладината ФРОНТ, им е оневозможен слободен пристап до информации од јавен карактер.

–Собранието не може да донесе заклучок за да се утврди одговорност на носителите на јавните функции и да помогне во заштитата на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер. Ги прашуваме пратениците, дали само она што и одговара на власта е од јавен интерес и зошто тие како претставници на граѓаните не овозможуваат штитење на јавниот интерес. Преку оваа анкетна комисија СДСМ си ја покажа дволичноста пред целата македонска јавност, рече Димков.

Независната пратеничка Никица Корубин, која го претстави ставот на пратеничката група на СДСМ и коалицијата во однос на работата на Постојана анкетна комисија за заштитата на слободите и правата на граѓанинот, изјави дека точката на дневниот ред, која била поставена од претседателот на оваа Комисија воопшто не треба да биде точка на дневен ред, од формално-правен аспект. Додаде дека се работи за претставка од невладина организцаија за слободен пристап до информации од јавен карактер, која тие ја побарале и ја добиле од страна на Владата и од Комисијата за слободен пристап на информации од јавен карактер.

– Постојаната анкетна комисија за заштитата на слободите и правата на граѓанинот е специфична комисија која е уставна категорија во Собранието, која има многу големи и широки надлежности и која се занимава со сериозни нарушувања на слободата и правата на граѓанинот.  Сметаме дека таа не треба да биде употребувана за права кои едноставно се остварени на друг начин, рече Корубин.

Сметавме, како што рече, дека тоа воопшто не треба да биде ставено како точка на дневен ред и во процедурална забелешка го кажавме до Комисијата.

извор: МИА

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Костадинов до Латас: Кога ќе ја чепнеш честа на мојот мртов татко, правдата не се моли. Се зема.

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • 24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Едногодишен помен

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ