• Latest

Пратеникот Артан Груби става свои лица да делат награди за новинарство

March 8, 2018

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
No Result
View All Result
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Пратеникот Артан Груби става свои лица да делат награди за новинарство

March 8, 2018 11:55
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

На 1 март во Собранието е одлучено дел од Советот за доделување на државната награда „Мито Хаџи Василев Јасмин“ за областа на новинарство, да биде сопственикот на порталот „Тетова сот“, Рами Мислими, кој воедно е и вработен во Општина Тетово од времето кога градоначалник беше Сади Беџети, објави „Порталб“.

Именувањето на Мислими како член на Советот, на местото на Бујар Плоштани, е на предлог на пратеникот на ДУИ, Артан Груби. Мислими не беше предлог на Министерството за култура, но според процедурата, пратениците имаат право да ги тргнат предлозите на Министерството, а на нивни места да предложат други имиња.

– Јас не го знам Бујар Плоштани, никогаш не сум му ја слушнал гласот – изјави Груби, при предлогот да се отстрани Плоштани од листата на предложени имиња на Министерството за култура, и на негово место да дојде Мисими.

Пратеникот Груби, беше недостапен на телефонските повици на „Порталб“, за да се изјасни, врз основа на кои критериуми го предлага Мислими.

И Мисими, за порталот „Алмакос“, не сакал да го коментира својот избор.

Предлогот на Груби беше одобрен во Собранието со само еден глас против – на пратеникот на СДСМ, Мухамед Зекири.

– Јас гласав така затоа што сум против Мислими да биде член на Советот. Мислам дека има многу други новинари што би требало да бидат во тој Совет – истакна Зекири.

Подолу можат да се видат и предложените имиња од Министерството за култура.
Kom-1

kom-2

Од Министерството за култура објаснија дека тие не можат да се мешаат во изборот на членовите на Советот.

– Ние ги предлагаме имињата во Комисијата за избори и именувања каде тие треба да се гласат. Изборот на Мислини не е наш предлог и не можеме да се мешаме во личните избори на никого – велат Министерството за култура.


Извор: МЕТА

Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: „Мито Хаџи Василев Јасмин“Артан Грубинаградиновинарство
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

    CIVIL MEDIA NEWSLETTER

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    CivilMedia

    СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

    Следете нè

    No Result
    View All Result