„Свиркачите Ѓорѓи Лазаревски и Звонко Костовски од денеска повторно се враќаат на своите работни позиции во МВР. За професионалците секогаш ќе има место во МВР“, објави министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.
Закон за амнестија
Обвинителката Вилма Рускоска рече дека нема да има преквалификација на делото за настаните од 27 април. Таа не е задоволна од Законот за амнестија, но ќе го спроведува.
„Преквалификација на делото нема да има за тие лица кои не се опфатени со амнестијата, затоа што не важи амнестијата за целото кривично дело терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“, рече Рускоска.
Новинари
Новинарите кои го следат рочиштето за предметот „27 април“ денеска собраа 160 евра за пратеникот Љубен Арнаудов, кој утринава рече дека од сега изјавите ќе ги наплаќа по 50 евра. Сепак и покрај тоа што новинарите му ги понудија парите на пратеникот, тој не даде изјава на прашањето дали како обвинет во предметот ќе поднесе барање за амнестија.
ДКСК
Мрежата за заштита од дискриминација излезе со реакција на континуираното одложување на усвојувањето на поднесениот предлог Закон за спречување и заштита од дискриминација. Предлог законот беше доставен до Собранието во мај оваа година од Министерството за труд и социјална политика, а од тогаш се изминати шест месеци. Спротивно на сите меѓународни препораки и ветувања од Владата и парламентарното мнозинство дека законот ќе биде донесен до крајот на 2018 година, од Мрежата велат дека надлежната Комисија за труд и социјална политика при Собранието до сега воопшто не го разгледала.
ЦИВИЛ ја промовираше публикацијата „Губење на идентитетот или…?“. Свое обраќање на промоцијата имаше и една од авторките во публикацијата професорката д-р Мирјана Малеска. Проектот е во партнерство со Фондацијата Хајнрих Бел од Германија. Публикацијата е своевиден печат на придонесот на авторките и авторите кон разглобување на идентитетските прашања од низа различни аспекти во интерсе на јавниот дискурс.
Д. Муратов