Мандатарот Зоран Заев најави дека освен економијата и интеграции, приоритет на Владата ќе биде и враќање на правната држава и независното судство.
Тој најави остра борба против корупцијата, воведување на ефикасен правен систем, а сите судии кои држеле предмети во фиока ќе бидат разрешени.
“Доаѓа време на ред правда и дициплина, почитување на правосудството и целосно прочистување на правосудниот систем. Првиот чекор е направен од Антикорупциска комисија, а Судскиот совет најави истрага на застарените предмети. Судиите за кои ќе се утврди дека задоцниле предмети ќе се разрешат. Воспоставуваме систем за проверка на пари и капитал на секој функционер. За прв пат Владата добива вицепремиер за борба против корупција кој ќе ги кординира сите институции. Силен и ефикасен правен систем е важен за државата, за граѓаните, но и за интегративниот процес”, изјави Заев во денешното експозе пред пратениците.
А. З.