• Latest
Војо Маневски

Празници или разделници

August 7, 2022

Иран не се согласил на инспекции, ниту се откажал од збогатувањето ураниум, вели Трамп

July 5, 2025
Мурал Ратко Младиќ во Белград, Фотографија/ скриншот од видео на Ал Џазира

Србија и Сребреница: Од гласна тишина до бучна релативизација

July 5, 2025
„Жолто копче“ дигитално здравство
Фотографија/ Министерство за здравство

МЗ: Северна Македонија меѓу првите држави со европски стандард во дигиталното здравство – „Жолто копче“

July 5, 2025

Дојава за бомба во косовскиот парламент, евакуирани пратениците

July 5, 2025
Ванг Ји, министер за надворешни работи на Кина во Брисел
Фото/ скриншот од видео на ЦНА

Кина е подготвена да ги координира мировните напори за Украина со Франција, изјави кинескиот министер за надворешни работи

July 5, 2025
Фото: Твитер

Украинските воздушни одбранбени сили неутрализираа 292 од 322 руски дронови преку ноќ

July 5, 2025

Мицкоски и рускиот ДУМА пратеник, тоа се тие афирматори на „данок на бездетност“

July 5, 2025

Прекината мерката притвор за Додик, според судот на БиХ веќе не претставува опасност по уставниот поредок

July 5, 2025
23 dead and more tha 25 children missing in Texas flood
Photo> screenshot Sky Tv

Поплави во Тексас: 24 мртви и до 25 деца исчезнати откако летен камп беше однесен од поплавите

July 5, 2025

One Stop систем за побрз проток и помалку чекање на граѓаните на ГП Табановце-Прешево

July 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Празници или разделници

August 7, 2022 16:18
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, СЛОБОДНА ЗОНА
Војо Маневски

Војо Маневски

Share on FacebookShare on Twitter

ВОЈО МАНЕВСКИ

Зошто нашиот народ ги дели деновите на празници и делници. На делниците се работи, а на празниците се празнува. Е, околу работењето на добар дел од граѓаните ќе мора да се бара помош од некоја друга струка и тоа според марксистичката доктрина за потребата од работење онолку колку се сака, а плата да се зема онолку колку што ти е потребно. Сѐ уште не сме стигнале до такви висини на општетсвена праведност, ама на добар пат сме. Чиновничкиот слој работи колку што сака и постојано бара плата колку што му треба. Барем некој да ги исполнува своите идеали кога веќе другите мора да го прават она што им е возможно за да преживеат. Затоа и треба да празнуваат чиновниците, а другите нека делуваат.

А празниците се неопходни за да се направи некаков отклон од секојдневието. Да се сретнат луѓето да разменат мисли, па околу мислите и некој други продукти што ќе го подобрат целокупното расположение.

Така си мислиш бре новинар во своите филозофирања ме советува мојот сосед и исписник. Сѐ се побрка денес, во делник се забушава, а на празник се исполнува задачата поради која и си вработен. Не се шегувам и не мислам на нашиве што секое утро ги полнат автобусите за на работа. Мислам на сеопштото незадоволство од сѐ и сешто, намрштените веѓи на скоро секој со кого се разминуваш и само мала причина е потребна да се истури тој отров врз некого. Ете на тоа мислам кога велам дека сѐ се слеа во една мешавина на негативност и омраза.

– Бре, бре, комшија, па ти тие седи коси ги посипа со мудрост како на антички филозоф или некој од безбројните аналитичари што ги запоседнаа екраните како да се турбо фолк пеjачки.

Е што им фали на пејачките? Не ти штети да видиш некоја гола нога или длабоко деколте. А за аналитичарите чувај си ја мислата зошто после можат да ти се појават како заменици министри или некој друг фактор државата, па ќе те видам. Друго мене ме мачи новинар и сакам да си го објаснам. Како од народ станавме навивачи? Како од народ кој за половина век ги направи сите белези на држава, создаде свои митови легенди, створи по прв пат надеж дека утре ќе биде подобро или ако не биде подобро барем знае дека тое утре со сигурност ќе дојде? Со векови и таа надеж дека утрето ќе дојде му била одземана. И сега место тој народ кој градеше фабрики и мостови, згради што стојат и после половина век имаме збир на навивачи, на кои дури и противничките играчи и навивачи ќе мора да им ги посочиш кои сѐ, зошто може и против своите да пцујат и викаат. Сега сто метри пат не знаеме да направиме, а да не се распаѓа асфалтот и после неколку години се руши оградата околу патот. Куп камења што некој порој ги донел стојат со месеци на коловозот зошто некој рекол дека биле туѓа одговорност. Тоа ти објасни ми го, а не да ми шкрабаш некакви писанија секоја недела, очигледно со намера да ме навреди заврши комшијата и се одалечи од мене за да седне на клупата.

Седнав до него и продолживме да молчиме во дует. Гледаше ли вчера на Мечкин камен што се случи, промрмори мојот исписник?! На местото каде заради идеалот за слобода се гинело сега се пцуе и вика по политичкиот противник, како да е претходница на Бахтијар Паша. Замисли ја сликата после говорот на Питу и неговата наредба да се брани Крушево до последен куршум, некој да се појавел од некоја пусија и да викнал – предавник има овде и зошто другите чети се повлекоја во коријата, а само ние останавме да ја браниме Републиката! Не бе новинар, се избакнале и завзеле позиција. Само Блаже, Горлука со уште петмина успеале да се спасат од целата чета. Досега ниту вистинскиот број на загинати јунаци На Мечкин камен не сме го утврдиле, а за местото каде им лежат коските и да не зборуваме. Стоиш меѓу сенките на јунаците и викаш на сиот глас дека си предаден, продаден, а не прашуваш има ли некој што сака да те купи ваков каков што си,прв непријател ти е родот твој, ете толкава ти е цената. Тоа ме стега во душава а народот не можам да го препознаам и се прашувам дали е ова мојот народ и дали јас сѐ уште сум негов дел.

Знам дека си помислуваш од каде ми се мене овие заклучоци, ама тоа и не е важно. Важно е што не можам да си одговорам на себеси – каков е тој народ што така меѓусебно се мрази. Ист ли е тој народ што се среќава на пазар во градинка или на училиште кога ги носи децата? Ист ли е тој народ со оној што две години се мачи со светската пандемија, губејќи работни места и едвај преживува, па колку може си помага?

Ист е комшија ист е, само се собрало премногу жолчност во него. Си чувал ли дома жива салата од домати и кромид, затворена во шише? Е ако на таа салата не и ставиш некаков конзерванс,(салицил) таа внатре зоврива и колку и да си ја затворил со добра „затка“ таа пука и се разлева, по сѐ околу себе. Се излева се додека и малку од неа има на дното на шишето. Така јас мислам комшија, иако не сум аналитичар, туку обично пискарало.

Не, не сакав да те навредам, туку само да си објаснам на себеси, дали да климам глава кога некој поминува покрај мене или да проверувам дали е од некоја друга политичка партија, па да ме стави во незгодна состојба и мојот поздрав да остане осамен и без повратен близнак на поздравување, или ќе ме снајде некоја пцовка, како израз на политичка определба.

Како бе новинар дојде до овде? Слушаме, читаме наши деца студираат по странство, магистрираат, докторираат на овие високи училишташто а не знаат дека силата со сила се враќа и добар збор и железна врата отвора.

Каде се тие умни млади луѓе да не научат на светски бон тон, ако веќе ние сме заостанати, како што велат тие? Во партиските елити гледам исти такви млади луѓе со нескриена омраза кон сѐ што не е дел од нивната партија. Како целата памет на овој народ да е само кај нив во партијата. Грчевито се борат за власт, а велат дека ќе работат за доброто на сите. Прости, ама се изморив од редење дилеми што и онака горе доле на сите ни се познати.

Да ти кажам дека од сега ќе си одам на натпреварот на Брегалница. Таму некако сѐ е поприродно. Си знае сeкој дека се доаѓа да се навива, да се истури вишокот на енергија собрана од различни причини и после на пиво каде се поништуваат навивачките разлики. Запаленковци има и на стадионот, но тие се декор што само додава атмосфера, ама никако не  го одредува текот на настаните.

Некогаш навистина е подобро да се одмолчат некои одговори и да не се влегува во расправија. Ме потсетува тоа на некој од актуелните интервјуа со водечките политичари на оваа држава. Може новинарот да конципира прашање какво што сака, а одговорот ќе биде оној што е веќе подготвен и треба да се испорача на јавноста. Ако се осмели новинарот да поставува потпрашања тоа веднаш доведува до сомнеж дека не го почитува високиот партиец и треба да се испита од која страна е и зошто токму тој го води  интервјуото. Или, пак и мојата сомничавост веќе ги надмина пристојните граници, ако пристојноста не станала навивач.

Додека без збор со комшијата исписник се разделувавме ми падна на ум дека емисиите со водечките партијци беа навистина предизвик и ретко се случуваше некој од нив намерно да ја менуваше темата, која јас ја поставував за разговор. Таквото однесување и речник беше одлика на партиските раководители од трет или некој подолен ешалон и енергијата на омраза кон политичкиот противник беше таму концентрирана. Го пополни ли третиот ешалон испразнетиот трон на водечките личности? Изгледа и таа фотелја стана трет ред од некогашните партиски вредности. Што велеше Мак Диздар, поетот од Босна и паѓањето е летање, ако сме сите во паѓање,тогаш сме сите во летање. Заборавил поетот дека летањето е дофат на висините, а паѓањето е трескање од земја. Празнуваме, ама заборавивме да славиме, немаме време од навивање.

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Костадинов до Латас: Кога ќе ја чепнеш честа на мојот мртов татко, правдата не се моли. Се зема.

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • 24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Едногодишен помен

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ